2014-02-03 10:32:56

Ангел Господов: Богопосветениот живот е посебно дарување на Бог


И покрај обилниот дожд на плоштадот Свети Петар во недела 2 февруари се собраа десетици илјади верници, кои дојдоа заедџно со Папата да ја молат молитвата Ангел Господов. Светиот Отец се осврна на драматичните последици предизвикани од поплавите во разни краишта, посебно во Тоскана и Рим, каде што Тибер ги поплави предградијата. Повика на молитва и конкретна солидарност со жртвите од поплавите. Во својот неделен говор Папата говореше за Денот на богопосветениот живот. Пред тоа со претсавниците на монашките заедници од целиот свет служеше света Литургија во базиликата Свети Петар. Се осврна и на Денот на живот, кој денес се слави во Црквата во Италија, како и на празникот Сретение Господово.

Исусовото принесување во храмот е слика за дарување на сопствениот живот, посебно на оние, кои заради Исус прифаќаат одредени карактеристики во нивниот живот: девственост, сиромаштво и послушност – рече Папата и додаде дека тоа исто така се однесува и за секој христијанин, бидејќи преку Крштението сите сме посветени на Бог и од нашите животи треба да бидеме дар за семејството, работата, и во црковните служби на делата на милосрдие. Таа посвета посебно ја доживуваат монасите и монахињите и богопосветени лаици, кои со своите завети на посебен начин припаѓаат на Бог. Тие даваат вистинско сведоштво за Евангелието, бидејќи стојат на располагање на браќата и го донесуваат Христовото светло во подрачја опфатени со темнина, ширејќи ја неговата надеж во обесхрабрените срца.

Папата кои и самиот е монах, смета дека богопосветените лица се Божји знак во разни животни средини и квасец за развој на праведно и братско општество. Секое лице посветено на Бог е дар Божји за народот на неговото овозмеско ходочастие. Поради тоа е неопходна потребата од нивна присутност, бидејќи тие ја зајакнуваат и обновуваат обврската околу ширењето на Евангелието, христијанското воспитување, каритативните активности за сиромашните и контемплативните молитви. Тие се заслужни за човечкиот и духовниот раст на младите и семејствата, како и за постигнување на правда и мир во човечкото семејство.

На Црквата и светот и е потребно тоа сведоштво на љубов и Божјо милосрдие – истакна Папата и забележи дека е потребно со благодарност да се вреднува искуството на тие луѓе и да се разбудат разни харизми и духовност во монашките заедници. Ги повика верниците да се молат за младите за да го посветат својот живот за браќата без да имаат некаква материјална корист. Поради сите тие причини е одлучено 2015 година да биде посветена на Богопосветениот живот, кои ги стави под заштита на Марија и Јосиф.

Осврнувајќи се на Денот на живот, кој денес се одбележува во Црквата во Италија под мотото „Да се создава иднина“, папата Фрањо ги поттикна заедниците движењата и културните центри уште повеќе да се заземат околу одбраната и промовирањето на животот. Секој во сопствената средина е повикан да љуби, служи, прифаќа, почитува и да го промовира животот, посебно кога е кревок и кога му е потребна нега од мајчината утроба па сѐ до природниот овоземски свршеток. Забележа дека секое дете претставува лице Господово и како такво е дар Божји за семејството и општеството.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.