2014-01-30 15:13:48

Патер Ломбарди упати критика за статијата за Папата во списанието Ролинг Стон


Патер Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светата Столица упати остра критика на неодамнешната статија за папата Фрањо во списанието Ролинг Стон. Светиот Отец вчера се најде на насловната страница на списанието.

Признавајќи дека појавата на Светиот Отец на насловната страна покажува интерес од различни средини, патер Ломбарди го осуди негативното прикажување на понтификатот на почесниот папа Бенедикт XVI, велејќи дека статијата го дисквалификува сериозното новинарство.

„За жал, статијата се дисквалификува самата себе, паѓа на обична грешка на површно новинарство, за да ги нагласи позитивните аспекти на папата Фрањо, мисли дека треба да го опише на негативен начин понтификатот на папата Бенедикт, и тоа го прави со изненадувачка суровост, вели во изјавата патер Ломбарди.

„Каков срам“ изјави патер Ломбарди. „Тоа не е начин да се направи добра услуга на папата Фрањо кој знае могу добро што му должи Црквата на неговиот претходник.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.