2014-01-30 10:55:28

Папата Фрањо најпребаруван на Гугл


Папата од Аргентина води по бројот на месечни пребарување на Гугл (околи 1,7 милиони) и по бројот на цитати на интернет мрежата (неговото име се појавува повеќе од 49 милиони пати).

Според оваа анкета папата Фрањо е пред претседателот Барак Обама (1,5 милиони месечни пребарувања и 38 милиони цитати) и пред рускиот претседател Владимир Путин (246.000 пребарувања и 8 милиони цитати).

Ако ги додадеме познатите лица од спортот и забавата, Папата е на трето место по популарност на интернет, веднаш по групата One Direction и пејачот Џастин Бибер.

Изборот на Хорхе Марија Бергољо, првиот папа од Јужна Америка, поттикна голема љубопитност, која не згаснува и по десет месеци од неговиот избор за Папа.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.