Папата го прими францускиот претседател Франсоа Оланд
На 24 јануари Светиот Отец го прими во аудиенција францускиот претседател Франоса
Оланд, кој потоа се сретна со Државниот секретар, архиепископот Пиетро Паролин и архиепископот
Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.
За време на срдечниот разговор
е истакнат доприносот на религијата за општото добро – се вели во соопштението од
Канцеларијата за печат при Светата Столица. Потсетувајќи на добрите односи помеѓу
Франција и Светата Столица, соговорниците ја потврдија взамената ангажираност за одржување
на редовен дијалог помеѓу државата и Католичката црква, и конструктивната соработка
за прашања поврзани од општ интерес. Што се однесува за заштитата и промовирањето
на достоинството на личноста, разгледани се некои актуелни теми, како што се семејството,
биоетиката, почитувањето на верските заедници и грижата за верските места.
Потоа
разговорот продолжи за теми од меѓународен карактер, како што се сиромаштвото и развојот,
миграцијата и животната средина. На крајот станало збор за судирите на Блискиот Исток
и некои подрачја во Африка, и е изразена желба во спомнатите земји да се воспостави
мирен општествен соживот, и тоа преку дијалог и учество на сите актери од општеството,
како и почитување на правата на сите луѓе, а посебно на етичките и верските малцинства
– се истакнува на крајот од соопштението.