2014-01-21 10:34:10

Папата ги прими вработените од Ватиканскиот инспекторат за јавна безебедност


„На студ, топлина, дожд и ветер, секогаш сте присутни! Тоа значи многу!" Со овие зборови на благодарност папата Фрањо се обрати на мажите и жените од ватиканскиот инспекторат за јавна безбедност кои ги прими во понеделник 20 јануари на аудиенција заедно со нивните семејства во салата „Клементина" во Ватикан. Најпрво инспекторатот беше формиран во 1945 година како специјална служба „Свети Петар", за да се грижи за обезбедувањето на Апостолската палата и зградите при Светата Столица.

Денешната традиционална средба е прва за папата Фрањо и тој изрази благодарност за нивната работа, посебно за нивните активности на плоштадот „Свети Петар":

„На студ, топлина, дожд и ветер, секогаш сте присутни! Тоа значи многу!" Сите знаеме дека е неопходна постојана работа, за да се зачува уникатноста на ова место, задржувајќи го неговиот свет и универзален карактер".

Папата Фрањо додаде дека за оваа служба е неопходна „дискретност, но и грижлива внимателност":

„Навистина, на плоштадот Свети Петар луѓето се шетаат мирно и имаат чувство на смиреност, благодарение на вас, кои се грижите за јавниот ред".

Светиот Отец истакна дека напорите се најголеми во моментите кога има голема посетеност од верници:

„Вашата работа бара техничка и професионална подготовка, која се додава на грижливата внимателност, учтивоста и посветеноста".

На крајот Папата упати желба „периодот поминат во служба на Ватикан, за секој да биде можност за растење во верата":

„Важно е да се открие евангелската порака и таа да се прифати вашата совест и конкретно во секојдневниот живот и храбро сведочење на Божјата љубов во секоја сфера, а со тоа и во работата".

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.