Архиепископот Каповила: секогаш сум се чувствувал слуга Божи
Меѓу новоименуваните кардинали е и архиепископот Лорис Франческо Каповила, поранешен
личен секретар на блажениот папа Иван XXIII. Кардиналското именување е голема чест
за 98 годишниот архиепископ и тоа во годината кога папата Ронкали ќе биде прогласен
за светец, 27 април оваа година. Осврнувајќи се на кардиналската почест, архиепископот
рече дека е изненаден од именувањето.
Со папите сум многу приврзан, така сум
воспитуван во семинаријата во Венеција, и тоа не само со чувствата, туку и со умот
и своето делување во текот на 74 години свештенство. Именувањето многу ме изнанади.
Се зачудив и си реков: И јас сакам да го повторам она што го кажа еден човек од Бергамо,
кога беше именуван за кардинал, и сакаше да се впиши на неговиот грв: Само твојата
милост – изјави за Радио Ватикан архиепископот Каповила.
Добиеното признание
е како зрак светлина на залезот од мојот живот и треба да се заблагодарам на папата
Иван XXIII, неговите примери и светост, како и добрината и љубезноста на папата Фрањо,
кои погледот го сврте кон еден стар свештеник (...) Секогаш сум се чувствувал Божји
слуга, мал меѓу малите – истакна архиепископот Каповила.