Исус немаше потреба да биде крстен, но првите теолози говорат дека во крштението –
со своето тело и божество – ги посвети сите води за да тие имаат моќ за Крштение –
рече Светиот Отец во проповедта за време на евхаристиското славење на празникот Крштение
Господово, на 12 јануари, во базиликата Свети Петар, во чиј рамки беше предвидено
и крштение на некои деца. Потоа – продолжи Папата – пред да се вознесе на небото,
Исус ја даде заповедта да одиме во светот и да крштеваме. Од тој ден, па сѐ до денешниот,
се протега овој непрекинат ланец: Децата се една алка од тој ланец. Вие родители имате
син или ќерка за крштение, но за неколку години тие ќе имаат свои деца за крштение
и таков е ланецот на верата. Но што значи тоа? – праша Светиот Отец и продолжи:
Само
ова сакам да ви го кажам: Вие сте оние кои ја пренесуваат верата; преносители; ваша
е должноста на овие деца да им ја предадете верата. И тоа е најубавото што можете
да им го оставите во наследство: верата – рече папата Фрањо. Само тоа. Понесете ја
со себе во вашите домови оваа мисла: Треба да бидеме преносители на верата. Мислите
на тоа; секогаш размислувајте како да им ја пренесете верата на децата – поттикна
папата Фрањо и продолжи:
Денес пее хорот, но најубав хор е детската врева...
Некои меѓу нив плачат, бидејќи не им е комотно или пак се гладни: ако се гладни, мајки
дадете им да јадат; само мирно, бидејќи тие се главни (протагонисти). Сега свесни
на ова ќе продолжиме со обредот крштение – рече Светиот Отец и пристапи кон крстилницата.
Светиот
Отец крсти триесет и две деца од Рим, родени во последните неколку месеци од 2013
година.