Папата ги прими на аудеинција православните стипендисти
„Римскиот епископ ве сака „Римскиот епископ ве сака": со овие зборови Папата Фрањо
се обрати на православните студентите стипендисти во различни римски или во други
западни универзитети со поддршка и гостопримството на папските универзитети или други
католички институции. Ова е истакнато на аудиенцијата на Католичкиот комитет за културна
соработка со Православните цркви кои ги прими по повод 50 - годишнината од формирањето
на овој комитет.
Комитетот е создаден по иницијатива на Папата Монтини за зајакнување
на христијанското единство, денес е предводен од кардиналот Курт Кох, претседател
на Папскиот совет за промовирање на единство меѓу христијаните. Папата Фрањо ја искажа
благодарноста кон членовите на Комитетот и на „благородните добродетели" со чија помош
бројни православни студентите ја имаат завршено својата богословска специјализација
во академските структури на Католичката црква .
„Патот на помирувањето и обновеното
братство меѓу Црквите, започна со првата историска средба меѓу папата Павле VI и Вселенскиот
патријарх Атенагора - рече Папата - имаше потреба од пријателство и размена, кои се
раѓаат со взаемно запознавање помеѓу членовите на различните Цркви и посебно меѓу
младите кои се на патот за свештенство".
Папата Фрањо упати посебен поздрав
до менторите на студентите со зборовите: „Вашето присуство меѓу нас е важно за дијалогот
меѓу Црквите денес и посебно за во иднина. Ви посакувам радосни моменти во Црквата
и во Рим, и нека ве збогати духовно и културно, за да се чувствувате не како гости,
туку како браќа меѓу браќа. Уверен сум исто така, дека со Вашето присуство ги збогатувате
академски заедници во кои се наоѓате".