Парохијата „Пресвето Срце Исусово“ која се наоѓа во близина на главната железничка
станица во Рим ќе биде четвртата римска парохија, која ќе ја посети папата Фрањо. Во
мај и декември минатата година Папата во две римски парохии служеше света Литургија,
а на празникот Богојавление во римската парохија Алфонсо Марија де Лигуор ја посети
живата Вителеемска пештера. Посетата е планирана за 19 јануари попладне.