2014-01-10 11:03:22

Во Кина папата Фрањо е избран меѓу десетте важни личности за 2013 година


Педесет претставници на најважни кинески медиуми, новинарски и дипломатски здруженија го избраа папата Фрањо меѓу десетте „важни личности за 2013 година.“ Како што известува агенцијата Фидес, изборот е извршен со јавно гласање за време на петнаесетиот „Меѓународен кинески новинарски форум“ кој е одржан на 15 декември во Ханун. Веста е објавена на 24 декември и е пренесена во сите кинески медиуми. Меѓу тие десет личности папата Фрањо зазема трето место, а меѓу нив се и иранскиот преседател Рохани и покојниот Jужноафрикански преседател Нелсон Мандела. Во минатото никогаш ниеден Папа или човек од верскиот живот не биле вброени во годишниот попис на „Меѓународниот кинески новинарски форум.“

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.