2014-01-04 10:57:19

На средбите со папата Фрањо учествувале повеќе од 6,6 милиони верници


Во текот на 2013 година, повеќе од 6,6 милиони верници присуствуваа на разни средби со папата Фрањо во Ватикан. Ова е објавено од префектурата на Папскиот дом, истакнувајќи дека станува збор за проценка која се дава врз основа на барањата за учество на настаните кои се добиени во Префектурата, како и врз основа на поделените влезници, како и проценката за присутни на настаните и големите прослави на плоштадот Свети Петар и тоа се податоци од март 2013 година.

Со овие податоци не се опфатени средбите кои се одржани надвор од Ватикан, на кои заедно со папата Фрањо учестуваа многу голем број верници, како што е на пример Апостолското патување во Бразил во јули минатата година по повод Светскиот ден на млади, или пак трите посети во Италија – Лампедуса, Калгари и Асизи, како и посетите во Римската епархија.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.