Во среда, 1 јануари папата Фрањо во потполна приватност ја посети базиликата Света
Марија Велика, каде пред иконата на Богородица – спас на Римскиот народ се задржа
дваесетина минути во молитва.
Во проповедта на празникот Пресвета Богородица,
кој се слави на 1 јануари папата Фрањо изрично ја спомена баиликата Света Марија Велика
и Богородичната икона, кон која негува голема побожност. Веќе во неколку прилики Светиот
Отец доаѓа да се моли пред оваа икона. Во базиликата имаше многу верници, кои беа
многу изненадени и радосни што го видоа Папата, но исто така покажаа и голема почит
додека тој се молеше.