2013-12-30 10:59:59

Патер Ломбарди: пaпата Фрањо ја промени Црквата со својот пример


Повлекувањето на Бенедикт XVI и изборот на папата Фрањо. Ова 2013 година навистина беше исклучителна за животот на Црквата. Тргнувајќи од пророчките гестови на папата Бенедикт, директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица, патер Ломбарди, за Радио Ватикан се осврна на важните настани во годината која е при крај.

Таа одлука ја одбележа ова година, а ќе биде многу важна и за следниот период на Црквата. Мислам дека тоа ќе влијае и на идните папства. Со тоа е отворен пат, можеме да кажеме, можност која е како што Бенедикт XVI, рекол во своите причини за повлекувањето, поврзано со нашето време во кое живееме. Неговата одлука не се однесува толку на неговата лична состојба, колку на положбата на времето во кое живееме, со мноштво проблеми кои тоа ни ги наметнува. Папата тоа го виде многу бистро и понизно, за да даде можност за водство на Црквата, како што тој кажа, со нова сила – рече патер Ломбарди, и додаде – А всушност тоа и се случи и тоа на многу впечатлив и неочекуван начин.

Мислам дека одговори на големите очекувања на целото човештво – рекол потоа патер Ломбарди, осврнувајќи се на првите девет месеци на папството на папата Фрањо. А тие очекувања – додаде – се потреба и желба за љубов, простување, искрен однос, ближен кој пружи утеха и охрабрување. Така ја допре најдлабоката жица на човечката чувствителност и личност воопшто, затоа што на тој начин навистина делува на сите континенти, во сите земји, во сите различни ситуации во животите на мажи и жени од нашето време.

Верувам дека е едноставно толкувањето на она најверодостојното – рекчепотоа патер Ломбарди и објасни – папата Фрањо навестувањето го фокусира на Божјата љубов, на Неговото милосрдие, на Неговата близина до секој човек, на Неговата желба за добро и спасение на сите Негови созданија. Луѓето тоа го сфатија, меѓу останатото и поради ефективноста на гестовите и едноставните зборови со кои тоа е изразено. Папата навистина ја пренесува љубовта на Бог Отецот кон сите негови созданија – истакна директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица.

На новинарско прашање за очекувањата за следната година, мислејќи на важниот состанок на Советот на осумте кардинали, патер Ломбарди кажа дека верува дека можеме да очекуваме и да се надеваме дека тој силен поттик на обнова, на делотворност на навестување на христијанската порака, која ја упати папата Фрањо ќе ја прошири Црквата. (...) Тоа што папата Фрањо го смета за реформа е тоа инструментите и структурите да бидат соодветни со посланието на Црквата.

Посланието на Црквата – додава – кое е навестување на Евангелието и тоа сѐ до крајните граници на овој свет, на перифериите, за кои тој толку говори, во односот на сиромашните, на луѓето на кои им е најмногу потребна блиска Господова љубов и сведоштво за Бог. Затоа можеме да се надеваме дека Советот од осум кардинали, како и други мислења, тоа ќе го постигне – рече патер Ломбарди и додаде дека Светиот Отец покрена повеќе совети и различни комисии, за сведочењето на структурите да го направи транспарентно и делотворно, па што се однесува и до Ватикан и неговата административна структура. Меѓутоа е вистински проблем во односот меѓу духот и неговите алатки, односно структурата и организацијата.

Осврнувајќи се потоа на фактот дека папата Фрањо е прв Папа кој доаѓа од Дружбата Исусовци, патер Ломбарди истакна дека воочува многу голема согласност помеѓу духовноста на Папата и неговиот начин на водење на Црквата, и духовноста на Игнациј од Лојола. И тоа посебно – објасни – во смисла дека сме на пат да одиме, барајќи и пронаоѓајќи ја секој ден Божјата волја за да можеме подобро да му служиме и за да можеме најдлабоко да ја запознаеме Божјата љубов и во својот живот да го пренесеме тој длабок однос на љубовта помеѓу Бога и човекот и помеѓу луѓето взаемно.

Папата Фрањо со голема сила ја поттикна Црквата на одење и тоа го направи со својот пример, со своето заземање и бројните пораки и вложувања – нагласува патер Ломбарди и истакна дека треба да се придвижиме, обратиме, треба да ги прифатиме Божјите изненадувања кои ги прави во нашите животи, и да сфатиме на што нѐ повикува, исто така низ ралични прилики и нешта во кои се наоѓаме. Затоа мислам дека еден од фуховно најизразените видици на овој понтификат е сфаќањето на Црквата која се движи, која оди, која е ходочасничка во обновувањето на своето послание – рече на крајот патер Ломбарди.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.