2013-12-20 10:31:46

Не можеме да се помириме Блискиот Исток да остане без христијани


Божиќ го поттикнува светот погледот да го упати кон Витлеем. Таинството на Божиќ од Витлеем полека се воздигнува и се шири на сите страни на Земјата, така започнува Божиќната порка на Латинскиот патријарх на Ерусалим, Фуад Твал, кој посебно се осврна на ситуацијата во Сирија и Појасот Газа, нагласувајќи дека веднаш треба да се запрат вооружените судири.

Осудувајќи го секој вид верски фундаментализам, патријархот ги повика политичките лидери да ја прифатат одговорноста за прекин на „безмисленото насилство“.

Патријрахот потсети на говорот на Папата до епископите од Блискиот Исток од 21 ноември оваа година. Сите се трудиме во Светата Земја да се сочува христијанската присутност и не можеме да се помириме со тоа Блискиот Исток да остане без христијанска духовност – пишува патријархот Твал.

Говорејќи за програмата за наредната година, истакна дека се надева на посета од Папата во мај наредната. Се молам на Бог христијаните, муслиманите и евреите во нивното заедничко наследство да најдат заеднички вредности, а Младенецот Исус на сите луѓе да им донесе мир – стои на крајот од пораката на патријархот Твал.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.