2013-12-17 10:55:36

Папата Фрањо: Пророкот во себе има минато, сегашност и иднина


Кога во Црквата недостасуваат пророштва, недостасува и самиот Божји живот и преовладува клерикализмот – рече папата Фрањо на проповедта на светата Литургија на 16 декември во домот Света Марта. Коментирајќи ги литургиските читања Папата кажа и тоа дека пророк е оној кој ги слуша Божјите зборови; кој знае да го препознае моментот и да ги пренесе во иднината. „Пророкот во себе има минато, сегашност и иднина“ – рече Папата – и продолжи...

Иднина – пророкот е свесен за ветувањато и Божјото ветување го носи во своето срце; го живее, се сеќава и го повторува. Затоа ја гледа сегашноста, го гледа својот народ и ја чувствува силата на Светиот Дух да му каже збор кој ќе го подигне и ќе му даде сила да продолжи чекорејќи во пресрет на иднината. Пророкот е човек на три времиња: ветување дадено во минатото; набљудување на сегашноста и храброст за покажување на патот кон иднината – истакна Папата.

Господ отсекогаш со помош на пророците го чувал својот народ – во тешки и обесхрабрувачки моменти; или во време на уништување, кога не бил Храмот; кога Ерусалум бил под непријателите или во време кога народ се прашувал: Господ ни го вети тоа, а што се случува?! – рече Светиот Отец.

Тоа е она што се случило во срцето на Богородица кога била под крстот. Во тие моменти било потребно пророчко делување, - рече Папата – а пророкот не е секогаш добредојден и многу пати е одбиен. Самиот Исус на фарисеите и говори дека нивните татковци ги убивале пророците, бидејќи им зборувале за работи кои не им одговарале – ја зборувале вистината, сеќавајќи се на даденото Божјо ветување. Кога во Божјот народ недостасуваат пророштва, нешто важно недостасува; недостасува Господовиот живот. Кога нема пророштва, животот се сведува на легализам, кој потоа и преовладува. Така и фарисеите даоѓаат кај Исус да го прашаат со која власт го врши тоа, затоа што они се господари на храмот! „Не го сфатиле пророштвото, а го заборавиле и ветувањето! Не знаеле повеќе да ги читат знаците на времето и немале повеќе продорен поглед ниту го слушнале Божјото Слово: единствено што имале е власт!“ – нагласи Папата.

„Кога во народот Божји нема пророштва, неговата празнина ја исполнува клерикализам – и тоа оној истиот со кој го прашуваат Исус: Со каква власт го вршиш ова? – рече папата Фрањо. И сеќавањето на ветувањето, како и надежта за напредување се сведува на сегашноста – не повеќе на минатото ветување ниту на надежта во иднината. Сегашноста е озаконета и ако е озаконета – туркај напред – рече иронично Светиот Отец.

Но, кога царува легализмот, нема повеќе Божјо Слово и Божји народ кој верува во своето срце, кој плаче бидејќи не го наоѓа Господ – му недостига пророштво. Плаче „како Ана Самоиловата мајка барајќи плодност во народот; плодност која доаѓа од Божјата сила; кога ни го разбудува сеќавањето на своето ветување и кога со надеж нѐ турка кон иднината. Тоа е пророк! Тој е човек со продорен поглед кој ги слуша Божјите зборови“ – рече Светиот Отец.

„Нашата молитва, овие денови кога се подготвуваме за Раѓањето Господово, нека биде: Господи на твојот народ нека не недостасуваат пророци! Сите кои сме крстени, сме пророци. Господи, да не ги забораваме твоите ветувања! Да не се измориме да одиме напред! Не давај да се затвориме во легализмот кој ја затвора вратата! Ослободи го Господи својот народ од духот на клерикализмот и помогни му со пророчкиот дух – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.