2013-12-16 09:22:51

Папата се сретна со делегација од Баварија


Исус доаѓа и денес со своето светло за да ја растури маглата во светот – рече Папата заблагодарувајќи на баварската делегација за доаѓањето во Рим, кои во петок 13 декември присуствуваа на плоштадот Свети Петар на свеченото осветлување на божиќната елка.

Повеќе од седум тони зелени гранки се издигаат кон небото означувајќи го раѓањето на „Големото светло“ кое свети веќе 2000 години и го покажува патот на надежта и спасението. Всушност тоа е значењето на прекрасната божиќна елка која ќе го осветлува плоштадот Свети Петар – рече папата Фрањо пред многубројната баварска делегација.

На Божиќ во секое место оддекнува ангелското радосно навестување на витлеемските пастири: „Денес во Давидовиот град ви се роди Спасител – Христос Господ. „Пастирите, вели Евангелието, ги осветлила силна светлина. Исус и денес ја растура темнината на заблудата и гревот и на човештвото му донесува радоста на божиќниот сјај, на што божиќната елка е знак и спомен – рече Светиот Отец.

Од Германија последниот пат на плоштадот Свети Петар пристигнала божиќна елка во 1984 година. Ова пак година прекрасната елка доаѓа од баварската општина Валдминхен, а со неа и мноштво мали елки кои ќе ја красат државата Ватикан.

Овие дарови се многу убави и ја покажуваат духовната близина и пријателството на цела Германија, а посебно и Баварија, кои се поврзани со Светата Столица, почитувајќи ја христијанската традиција која ја оплодила културата, литературата и уметноста на вашата земја и цела Европа – истакна папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.