Папата ја посети амбулантата за деца Света Марта во Ватикан, а потоа во салата Павле
VI ги прими малите пациенти заедно со нивните семејства и волонтери, кои секојдневно
се грижат за нив.
Децата го изненадија Светиот Отец со мала забава во очи на
неговиот 77 роденден, кој е на 17 декември, поклонувајќи му торта и маица.
„Ви
благодарам на вашата посета, ви благодарам на вашата љубов, на радоста од овие деца,
даровите, тортата...“, рече Светиот Отец.
Откако ги дувна роденденските свеќи
Папата додаде: „После ќе ви кажам дали беше добра. Многу ви благодарам. Господ нека
ве благослови“, а потоа го прегрна секое дете.
Папата беше поздравен и од управителката
на амбулантата сестра Антониета Колачи, која потсети дека амбулантата Света Марта
има долга историја. Формирана е во 1922 година од страна на папата Пиј XI и досега
во неа помош имаат добиено илјадници деца заедно со своите родители. Амбулантата обезбедува
лекарска грижа и психолошка помош, како и основни работи, како што се млеко, пелени,
колички за неподвижни, храна, облека и играчки.