Угледниот Тајмс го прогласи папата Фрањо за „Лице на годината“
Светиот Отец папата Фрањо е третиот Папа кој угледното списание Тајмс го прогласува
за „лице на годината“ – објави на 11 декември портпаролот на Светата Столица, патер
Ломбарди.
Ова не е изненадување, рече Ломбарди, имајќи во предвид дека му е
посветен голем публицитет од самиот неговиот избор, од самиот почеток на неговиот
понтификат.
Позитивен е знакот што едно угледно признание, на подрачје на меѓународното
новинарство, се доделува на лице кој во светот навестува духовни, религиски и морални
вредности, и упорно повикува на мир и поголема праведност.
Што се однесува
до папата, тој не бара за себе успех и слава, бидејќи му служи на на Евангелието на
љубовта за сите. Ако тоа ги привлекува мажите и жените и им дава надеж, тогаш Папата
е задоволен. Ако ова прогласување значи дека многумина, ја сфатиле барем основната
негова порака – тој уште повеќе ќе се радува – рече патер Ломбарди.
Во 1962
истото признание го доби папата XXIII, а во 1994 година папата Иван Павле II.