2013-12-09 11:13:57

Папата Фрањо: Богородице, помогни ни, внимателно да го слушаме гласот Божји


Во недела попладне, 8 декември папата Фрањо молеше пред статуата на Пресвета Богородица во стариот дел од градот Рим, во близина на Шпанските скали.

Во молитвата се обрати за застапништво на Богородица: Помогни ни, внимателно да го слушаме гласот Божји. Крикот на сиромашните никогаш да не нѐ остави рамнодушни, страдањето на болните и страдалницте никогаш да не нѐ затекне незаинтересирани, осаменоста на старите и слабоста на децата нека нѐ поттикнат секогаш да биде сакан и почитуван секој човечки живот.

По поздравите од сопствениците на продавниците и претставници на градот Рим, Папата посебно ги поздрави болните и лицата со хендикеп, кои дојдоа пред стауата.

По завршувањетео на молитвата, Светиот Отец се упати во базиликата Света Марија Велика (Santa Maria Maggiore) каде што молеше пред иконата Марија.

РВ/го*ко









All the contents on this site are copyrighted ©.