Пред Генералната аудиенција во среда 27 ноември, во сала Павле VI во Ватикан, се одржа
возбудлива средба, во знак на верата и молитвата. Папата Фрањо се сретна со група
деца, болни од Ретов синдром, придружувани од нивните родители. Синдромот на Рет е
невродегенеративна болест кој се појавува претежно кај девојчињата.
Светиот
Отец ги прегрна и ги помилува сите присутни деца, со што ја посведочи својата љубов
кон нив. Средбата, започна со благослов и молитва кон Дева Марија и помина во пријатна
атмосфера и за самите родителите на децата.