2013-11-27 09:19:45

Презентирано Апостолското писмо на Папата Фрањо Радоста на Евангелието (Evangelii Gaudium)


Во преполнетата сала на Ватиканскиот прес центар на 26 ноември објавено е Апостолското писмо на папата Фрањо 'Evangelii Gaudium'. За документот зборуваа архиепископот Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за нова евнаглеизација, архиепископот Лоренцо Балдизери, Генерален секретар на Епископската синода и архиепископот Клаудио Марија Чели, претседател на Папскиот совет за комуникации.

Станува збор за поучен документ во кој папата Фрањо ја упатува Црквата да биде сопатничка на оние кои го браат Бог – многу краток опис, кој произлезе за време на промоцијата на Апостолското писмо во Прес центарот. Во самиот документ зборот радост се спомнува 59 пати. Ова Апостолско писмо – како што објасни патер Ломбарди – е напишано лично од рацете на папата Фрањо на шпански јазик, после Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро.

Архиепископот Физикела пак во своето обраќање истакна дека тој документ е во континуитет со научувањето на папата Павле VI и неговото Апостолско писмо 'Evangelii nuntiandi', каде се истакнува централната улога на Исус како прв евангелизатор. Тој текст – додаде архиепископот – повикува на пророчко и позитивно гледање на реалноста, не свртувајќи го погледот од тешкотиите.

Оцртувајќи ја главната структура на писмото, архиепископот Физикела напомна седум точки, содржани во пет поглавја, кои се темелни столбови за сфаќањето на папата Фрањо за новата евангелизација: реформа на Црквата во мисонерското ангажирање, искушението на пасторалните соработници, Црквата сфатена како целина на Божјиот народ кој што евангелизира и проповеда, вклучување на сиромашните во општеството, мир и дијалог во општеството, како и духовни медитации за мисионерско ангажирање.

А главната реформа во текстот е мисонерскиот поглед на Црквата и заземање за постојано преобраќање, кое го вклучува и Петровиот наследник – забележи архиепископот Физикела. Папата Фрањо силно го истакнува барањето за „пасторално преобраќање“ – рече архипиексопот. Тоа значи дека треба да се надмине бирократското, статистичкото и админстративното сфаќање на пасторалот и да се помине на мисонерското сфаќање, и уште повеќе пасторал со постојана евангелизација.

Изразувањето на Папата во овој документ е јасно, непосредно, без реторика и без прекриени мисли. – забележи архиепископот Физикела и додаде – Папата Фрањо оди во сржта на проблемите кои ги доживуваат денешните луѓе, и од страна на Црквата се бара многу повеќе од само едноставна присутност. Од неа се бара делотворно делување и обновена пасторална пракса, преку која ќе се истакне залагањето за новата евангелизација – рече архиепископот Физикела.

Архиепископот Балдизери ја истакна димензијата на синодалност, за која се говори во писмото, кое пак иако не е „постсинодално“ се осврнува на последната Синода за нова евангелизација. Архиепископот забележи дека Папата често цитира документи од епископските конференции или континенталните средби на епсикопите, како што е на пример Документот од Апарецида. Посебно се истакнува социјалната димензија на евангелизацијата, вкоренета во неговото искуство како пастир во Буенос Аирес.

Искуството од Латинска Америка и Карибите, Цркви кои се длабоко вкоренети во животот на народите, поттикна внимателна грижа за сиромашните, исклучените, угнетените и разбуди многу важно теолошко размислување, чиј што последици ги надминуваат границите, кои се прифаќаат и како свои во различните делови од светот – напомна архиепскопот Балдизери.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што мисли Папата кога говори за „пробразба“ на папството, архиепископот Физикела рече дека изгледа папата има потреба да каже: Внимавајте, јас тоа не го барам само од другите, јас сум исто така од Божјиот народ, и сум прв кој сака да даде пример, сведоштво за тоа како треба да се развие пасторалното делување“. И мислам дека уште од првиот момент кога е избран за Петров наследник ја покажа таа диемнзија – истакна ахиепископот Физикела.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.