Храмот е свето место, во кое не е толку важен обредот, туку поклонувањето на Господ
– е главната мисла на папата Фрањо на проповедта за време на светата Литургија во
петок 22 ноември во домот Света Марта. Папата истакна дека човекот, доколку е храм
на Светиот Дух, повикан е во својата внатрешност да го наслушнува Бог, да бара простување
и да го наследува.
Храмот е градба од камен, во која народот пред Бог се грижа
за душата. Но свет Храм е и телото на секој човек поединец, во кое Бог говори, а срцето
наслушува. Осврнувајќи се на денешното литургиско читање за Јуда Макавеецот, кој повторно
го посветува разрушениот Храм, папата Фрањо рече дека Храмот е упориште на заедницата
и потпора на народот Божји, каде што се доаѓа за различни мотиви, од кој еден ги надминува
останатите: Храмот е место каде што заедницата моли, го слави Господ, му благодари
и посебно му се поклонува – истакна Папата. Во храмот му се поклонуваме на Господ.
Тоа е најважното и важи и тогаш кога станува збор за литургиските обреди: што е најважно
во еден литургиски обред? – праша Светиот Отец – песните, убавиот обреден чин и така
по ред...? Најважно е поклонувањето на целата собрана заедница, која е свртена кон
олтарот и каде што се слави жртвата и се поклонува. Но јас верувам – тоа го велам
со понизност – дека ние христијаните можеби малку ја изгубивме смислата за поклонување
и си мислиме: одиме во храмот за да се собереме како браќа – што е убаво и добро –
но центарот е таму каде што е Бог, ние му се поклонуваме на Бог – објасни Папата.
Дали нашите храмови се места за поклонување; места каде поклонувањето има
предност? – праша Папата. Исус ги исфрла од храмот „бизнисмените“ – трговците – кои
храмот го сметаа повеќе за место за тргување, отколку за поклонување. Но освен тоа
во верскиот живот постои и еден друг „Храм“ и едно друго свето место. Свети Павле
ни препорачува дека ние сме храмови на Светиот Дух. Јас сум храм. Духот Господов е
во мене. И ни вели: „И не Го оскрбувајте Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени
за денот на избавувањето!“ Тука можеби не можеме да зборуваме за поклонување на ист
начин како претходно, но на еден друг начин; имено срцето кое во себе го бара Духот
Господов и кое знае за Бог во себе; во себе дека има Дух Божји – го слуша и го следи.
Секако
да се наследува Бог претпоставува постојано чистење, бидејќи сме грешници – нагласи
папата Фрањо – и се чистиме со молитва, покора, светата Тајна исповед, Евхаристија.
И така во двата храма – оној материјалниот, кој е место за поклонување, како и духовниот
кој е во мене, каде што престојува Светиот Дух – во нив нашето однесување треба да
биде со побожноста поклонување и наслушкување; побожност која моли и бара простување,
побожност која го слави Господ.
Кога се зборува за радоста на Храмот, се мисли
кога целата заедница се поклонува, во молитва, во благодарност и славење.
Господ
нека ни даде милост да ја сфатиме вистинската смисла на Храмот, за да можеме да напредуваме
во поклонувањето и наслушкувањео на Словото Божјо – рече на крајот Светиот Отец.