Во рагбито е како и во животот, се трча кон целта. Молете се јас и моите соработници
да можеме да избереме добра екипа и да стигнеме до целта – рече папата Фрањо на рагби
репрезентативци на Италија и Аргентина, кои на 22 номеври беа примени на аудинеција.
Вашиот
спорт е напорен, но многу интересен. Тврд е, со многу физички напор, но не е насилен,
бидејќи се однесува со почит кон противникот. Рагбито е напорен спрот, тоа не е прошетка.
Мислам дека помага при челичењето на карактерот и волјата – забележа Светиот Отец.
Говорејќи
за карактеристиките на рагбито, рече дека главно е трчењето кон целта. Тој убав и
важен збор нѐ наведува да размилсуваме за животот, бидејќи и животот тежнее кон целта.
Напорно е барањето на целта, бара борба и ангажирање, но важно е што никој не трча
сам. За да се стигне до целта, заедно треба да се трча и топката да се предава од
раце на раце. Кога ќе се стигне до целта тогаш се слави – реле Папата.
Можеби
ова толкување не е техничко, но тоа така го гледа еден епископ, додаде Папата и продолжи:
„Се молам за вас, ви посакувам сѐ најдобро. Но и вие се молите за да направам добра
екипа со моите соработници за да стигнеме до целта.“