Папата се сретна со поглаварите на Источните Цркви
Светиот Отец во четврток 21 ноември во Ватикан се сретна со патријарсите на Источните
католички Цркви. Со радост и во братски дух ја прифаќам ова средба која ми овозможи
прв пат да се сретнам со оците и поглаварите на Источни католички Цркви. Во вас ги
гледам вашите Цркви, а пред сѐ сакам да ја загарантирам својата близина и молитвата
за стадото кое Господ ви го довери, и го повикувам Светиот Дух да ни го вдахне она
што треба заеднички да го учиме и правиме, верно да му служиме на Господ, на неговата
Црква и на целото човештво – рече папата Фрањо.
Нашето собирање ми пружи повод
да го обновам големото почитување кон духовното богатство на христијанкиот исток,
а потсетувам на она што папата Бенедикт XVI во апостолското постсинодално писмо „Црквата
на Блискиот Исток“ го рече за ликот поглаварот на некоја Црква: вие сте будни чувари
на заедништвото и носители на црковното единство. Тоа единство кое треба да го остварувате
во својата Црква, одговарајќи на дарот на Светиот Дух, го има своето природно и потполно
отсликување во неминливото единство со Римскиот епископ, вкоренето е во црковното
заедништво, кое што сте го примиле по вашиот избор – рече Папата.
По остварувањето
на заедништво на целото Тело Христово треба да бидеме свесни на обврската преку разни
патријаршиски синоди да го зацврстуваме единството и солидарноста, привилигирајќи
го секогаш договорот за прашања од голема важност за Црквата во однос на соборноста
и единствено делување – рече Светиот Отец.
За нашето сведоштво да биде веродостојно
– додаде Светиот Отец – повикани сме секогаш да бараме праведност, побожност, вера,
љубов, трпеливост и благост; во животот да се наследува Христос, кој осиромаши за
да нѐ збогати нас со своето сиромаштво,(...)
Посебно мислам на нашите свештеници,
потребно е разбирање и подршка, исто така и на лично ниво.Тие имат право на нашиот
добар пример во работи кои се однесуваат на Бог, како и на сите други црковни активности.
Од денес барам транспаретно управување со добрата и прецизност кон секоја слабост
и потреба. Сѐ во согласност со вистинската синодска пракса, која е обележје по кое
се разликуваат Црквите на Исток – забележа Папата.
Завршувајќи го говорот Папата
рече: Знаеме дека со Божја помош и Пресвета Дева Марија можеме да одговориме на тој
повик. Ве молам да се молите за мене. А сега со задоволство ќе слушнам сѐ што сакате
да ми кажете и однапред Ви благодарам – заврши Светиот Отец.