2013-11-18 11:33:56

Новиот Државен секретар на Ватикан од понеделник започнува со редовните активности


Државниот секретар на Ватикан монсињор Пиетро Паролин, по закрепнувањето од операцијата во сабота 16 ноември пристигна во Ватикан.

Од понеделник тој ќе започне со редовните активности кои му престојат како нов Државен секретар на Ватикан, но не се предвидени посебни церемонии, бидејќи монсињор Паролин беше во отсуство (in absentia) воведен во неговата служба на 15 октомври. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Ватикан отец Федерико Ломбарди, кој додаде дека монсињор Паролин се заблагодари на Папата за назначувањето и на оние сите кои му искажаа поддршка.

Новиот Државен секретар Пиетро Паролин најпрво ќе биде сместен во домот Света Марта, каде што живее и папата Фрањо.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.