И денес има лажни „спасители“ кои се обидуваат да го заменат Исус
Драги браќа и сестри, добар ден! Евангелието од оваа недела (Лука 21, 5-19) во првиот
дел го содржи говорот на Исус за последните времиња. Исус се говори во Ерусалим, во
блузина на храмот, а поттик за тоа му дава народот кој говори за храмот и неговата
убавина. Тогаш рече Исус: „Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане
ни камен, што не ќе биде урнат.“ (Лука 21,6). Секако дека го прашале: кога ќе биде
тоа? Каков е знакот? Но Исус го свртува вниманието на овие споредни аспекти – кога
ќе биде?, како ќе биде? – на вистинските прашања.
Станува збор за две прашања:
Прво: да не дозволиме да не прелажат лажни месии и да не дозволиме да не парализира
стравот.
Второ: да го живееме времето на очекување како време на сведочење
и упорност. А ние сме во тоа време на очекување, очекување на доаѓањето на Господ.
Тој Исусов говор е трајно актуелен, исто така и за нас кои живееме во 21 век.
Тој ни повторува: „Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во мое има“
(Лк 21,8). Тоа е повик за разликување, и христијански крепости со кои сфаќаме каде
е духот Господов, а каде зли духот. И денес, има лажни „спасители“ кои се обидуваат
да се постават на Исусовото место: лидери од овој свет, гуруа волшебници, луѓе кои
сакаат да привлечат кон себе духови и срца, особено млади. Исус нѐ предупредува: „Но,
не одете по нив!“
Господ исто така ни помага да не се плашиме: во војни, револуции,
но и од природни катастрофи, епидемии, Исус нѐ ослободува од фатализам и лажни апокалиптични
визии.
Вториот аспект се однесува на нас како христијани и како Црква: Исус
навестува болни искушенија и прогони кои неговите ученици морат да ги поднесат поради
него: Сепак гарантира: „Но, ни влакно од главата ваша нема да загине;“ (Лк. 21,18)!
Ни гарантира дека сме потполно во Божјите раце! Пречките на кои наидуваме поради нашата
вера и нашето прилепување до Евангелието се повод за сведочење; не смеат да не одделат
од Господ, туку повеќе да нѐ поттикне уште повеќе да му се предадеме, да ни даде сила
неговиот Дух и неговите милости.
Во овој момент во мислите ми се и сите да
мислиме на нив. Да го направиме тоа заедно: да мислиме на толку браќа и сестри христијани,
кои трпат прогони заради својата вера. А таквите се многу. Можеби многу повеќе од
првите векови. Исус е со нив. И ние сме обединети со нив во својата молитва и својата
љубов. И се восхитуваме на нивната храброст и нивното сведоштво. Тоа се наши браќа
и сестри, кои во толку краеви на светот трпат заради својата верност кон Исус Христос.
Ги поздравуваме од срце и со љубов.
На крајот Исус дава ветување кое гарантира
победа: „со трпение спасувајте си ги душите.“(Лк 21, 19) Колку голема надеж има во
овие зборови! Тие се повик на надеж и трпение, нѐ повикуваат да знаеме да чекаме на
сигурни плодови на спасението, верувајќи во длабоката смисла на животот и историјата:
искушенијата и страдањата се составни делови на еден голем план; Господ, господар
на историјата, приклонува сѐ кон својата полнота.
И покрај, нередите и катастрофите
кои го потресуваат светот, планот за доброто и милосрдието ќе се исполнат! А тоа е
наша надеж: оди така по тој пат, по Божјот план кој ќе се исполни. Тоа е наша надеж.
Таа Исусова порака нѐ потикнува на размислување за нашата сегашност и ни дава сила
да се носиме со неа со храброст и надеж, во заедништво со Богородица, која секогаш
е со нас.
После Ангел Господов Ве поздравувам, семејства, здруженија
и групи, кои дојдовте во Рим, Италија и од многу делови од светот: Шпанија, Франција,
Финска, Холандија. Посебен поздрав до поклониците на Верселија, Салерина, Лизанела;
мото клубот Луканија од Потенца, младите од Монтекасино и Касерте.
Денес еритрејскаа
заедница во Рим го слави празникот свети Михаил. Од срце ги поздравувам! Денес се
обележува Ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи. Ја гарантирам својата
молитва и ве поттикнувам да ја продолжите работата на превенција, бидејќи претпазливоста
и почитување на прописите се првиот облик на заштита на себе и на другите.
Сега
на сите вас сакам да ви препорачам еден лек. Но некој ќе помисли: Ма, дали сега овој
Папа стана аптекар?“ Тоа е посебен лек за конкретизирање на плодовите од Година на
верата, на која и се ближи крајот, лек од 59 зрнца за срце. Станува збор за „духовен
лек“ кој се вика Мисерикордин. Тоа е кутија од 59 зрнца за срце. Во неа се наоѓа лекот
кои волонтерите ќе ви го поделат додека заминувате од плоштадот Свети Петар. Земете
го! Внатре е Бројаница која може да се моли исто така „мала бројаница на божанското
милосрдие“, духовна помош за нашата душа и за насекаде да шириме љубов, простување
и братство.Не заборавајте да ја земете, бидејќи тоа е добро за вас. Добро за срце,
душа и целиот живот! На сите од срце ви посакувам пријатна недела. Довидување и добар
апетит.