2013-11-11 10:26:54

Папата Фрањо: Нечесната работа нема достоинство


За време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на 8 ноември, папата молеше за бројните млади кои од своите родители добиваат „валкан леб“ заработка која е плод на мито и корупција, а истовремено се гладни з адостоинство, бидејќи нечесната работа го одземеа достоинството.

Параболата за нечесниот управител (Лк, 16, 1-8) беше појдовна точка за говорот за „духот на светот, духот на световноста“, за начинот на негово делување и опасностите кои ги носат. Исус го моли Отецот за неговите ученици да не паднат во световноста, бидејќи таа е непријател.

„Кога размислуваме за своите непријатели, во прв ред размислуваме за демонот, затоа што тој ни прави зло. Атмосферата, стилот на животот кој демонот го сака е всушност – световноста. Да се живее според вредностите – вредностите во наводници – на светот. А тој управител е пример за световност. Некој од вас ќе каже: „Но човекот направил сѐ што прават другите!“ Но не сите! Некои управители, некои шефови во фирми, некои од јавната администрација, некои управители од Владата... Можеби не се многу. Но, тоа е тој став за пократок, поудобен пат за да се заработи за живот.“

Во параболата, господарот го фали нечесниот управител за лукавството (Лука 16,8): Да ова е пофалба на поткупување! Навиката на поткупување е световна и посебно грешна навика. Тоа не доаѓа од Бог, затоа што Бог ни заповеда да донесуваме дома леб од чесна работа. Управителот донесува дома леб, но како? На своите деца им дава валкан леб! А неговите деца, можеби биле образовани на скапи факултети, пораснати помеѓу образовани луѓе... од сопствениот татко добиле ѓубриште за храна, бидејќи нивниот татко донесува извалкан леб дома – го изгубил достоинството! А тоа е тежок грев! Можеби започнува со мало писмо, но тоа е како дрога!“

Значи, потенцира Папата, навиката на подмитување станува навика. Ако постои „световното лукавство,“ постои и „христијанско лукавство, за работите малку да се забрзат... но не во духот на светот,“ туку чесно. Тоа го кажува Исус кога нѐ повикува да бидеме „мудри како змии и незлобни како глуби“ (Мт 10,16): - „милост на Светиот Дух“ е обединување на овие две димензии и потребно е да го бараме тој дар.

На крајот Светиот Отец, заврши со молитва: „Можеби ќе биде добро за сите нас, да се помолиме денес за децата и младите кои од своите родители примаат валкан леб: и тие се гладни, гладни за достоинство! Да го молиме Господ да ги промени срцата на оние кои се поклонуваат на божеството корупција, и да сфатат дека достоинството доаѓа од достоинствена работа, од чесна работа, секојдневна работа – а не преку лесен пат кој на крајот ти одзема сè. И би завршил како другиот човек од Евангелието: неговите житници биле наполнети и не знаел што со нив (сп. Лк 12,16-20), но Господ му говори „ова ноќ ќе умреш.„Тие кутри кои поткупувајќи го изгубиле достоинството, со себе не носат пари кои ги заработиле, туку недостатокот на сопственото достоинство. Да молиме за нив.“

Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.