2013-11-04 10:25:09

Папата се молеше за своите покојни претходници


На 2 ноември, Задушница, ден посветен на покојните, по традиција Папата се упати во ватиканската крипта, каде што се помоли за своите починати претходници. Оваа година Папата Фрањо одлучи оваа молитва да биде од приватен карактер.


Во рамките на оваа посета на ватиканската крипта Светиот Отец го посети и гробот на Свети Петар, кој се наоѓа под ватиканската базилика. Во Климентовата капела, која се наоѓа во близина на гробот на свети Петар, Папата се задржа во молитвена тишина.


На 1 април годинава тој се помоли во ватиканската крипта за покојните папи од минатиот век : Бенедикт ХV, Пио XI, Пиј ХІІ , Павле VI, Павле I.

го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.