2013-11-01 10:12:44

Папата свика конзисториум во февруари


Папата Фрањо на 19 и 20 февруари 2014 го свика целиот Кардиналски колегиум на кој ќе стане збор и за реформите во Куријата, која е во тек, а потоа на 21 и 22 февруари ќе се одржи редовен конзисториум на кој ќе се именуваат новите кардинали. Претходно на 17 и 18 феруари ќе се одржи третата средба на Папата со осумте кардинали.

Папата Фрањо одлучи навремено да информира за својата одлука, за да се овозможи навремно да се планираат другите средби на кои учествуваат кардиналите, кои доаѓаат од разни страни на светот, рече отец Ломбарди во четврток 31 октомври.

Последниот вонреден конзисториум е одржан во февруари 2012, кој што папата Бенедикт XVI го посвети на новата евангелизација. Последниот редовен конзистроиј за именување на кардинали е одржан во ноември 2012 година.

го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.