2013-10-29 14:50:35

Папата Фрањо до вработените од Ватиканскиот телевизиски центар: Распространете го миросот на Евангелието


Бидете „екипа“ која е повикана да служи на Папата и Црквата со посебен „стил“, од кој ќе зависи сѐ друго, од уредувачките одлуки до прегледот на програмата – со тие зборови папата Фрањо опиша како тој ја гледа работата на Ватиканскиот телевизиски центар, чиј што вработени, заедно во нивните семејства, на 28 октомври ги прими на аудиенција, по повод 30 години од формирањето на овој центар.

На глобалниот пат на комуникации, Ватиканскиот телевизиски центар зазема привилегиран коловоз низ кој поминува со голема брзина, во ритам со технолошките новости, кој што се цел, но и истовремено и предизвик. Но сето тоа има точно одредена цел – истакна Папата, односно да се служи на Евангелието.

Бидете професионалци во служба на Црквата. Вашата работа е многу квалитетна, и таква треба да биде поради задачата која ви е доверена – рече Светиот Отец и додаде – Но професионалноста за вас секогаш нека биде служење на Црквата во сѐ: снимање, режирање, уредувачки одлуки, во администрација... Сѐ може да се направи во стил и поглед кој е црковен, оној на Светата Столица. Потребно е објавувањата од Ватиканскиот телевизиски центар да знае на гледачите, верниците, како и на оние „далеките“ да се распространи мирисот и надежта на Евангелието – истакна папата Фрањо.

Цел и послание на Ватиканскиот телевизиски центар, формиран пред 30 години по желба на блажениот Иван Павле II, е да се прикаже евангелскиот поглед на медиумското поле, кое пак таков поглед не познава или го занемарува – забележи Папата. За да се успее во тоа потребна е обединета и одговорна група.

Работите како екипа – напомена Светиот Отец. Успешноста во пасторалот во комуникациите е можна кога се воспоставуваат врски (...) кога се создаде единство од намерата и силата. Знаеме дека тоа не е лесно, но ако взаемно си помагате да бидете екипа, сѐ станува полесно, а пред сѐ, начинот на вашата работа ќе биде сведочење на заедништвото – истакна Светиот Отец.

Благодарејќи на Ватиканскиот телевизиски центар – како што рече – не само на професионалноста која денес е призната во целиот свет, туку многу повеќе на расположливоста и дискрецијата која секој ден ми ја сведочите и со која ме следите.

Папата Фрањо покажа внимание и кон семејствата на вработените: Бидејќи, како што потсети претходно управителот на Ватиканскиот телевизиски центар, монсињор Вигано, неделниот распоред семејствата го живеат според програмата на Папата! Верувам дека тоа не е мала жртва и поради тоа сум ви благодарен и ви ветувам дека ќе молам за сите вас, а посебно за вашите деца. Папата не сака да ви пречи во семејниот живот. Но ви благодарам на трпението – рече Светиот Отец.

На крајот ги поздрави и пријателите кои на разни начини се поврзани со големото семејство на Ватиканскиот телевизиски центар. Сами не можеме да направиме многу, но заедно можеме да биде во служба на целиот свет, ширејќи ја вистината и убавината на Евенгелието сѐ до крајните граници на Земјата – рече на крајот папата Фрањо.

го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.