2013-10-25 12:55:17

Папата Фрањо: Епископот треба да служи, а не да доминира


Да бидеш епископ не е чест, туку служење. Епископ, кој не се е нецелосен и лесно ќе падне во замките на секуларизмот. Тој мора да се грижи за своите свештеници и за своите верници, дури и за неверниците. Ова се некои од препораките на папата Фрањо на новите епископи кои ги ракоположи на света Литургија во базиликата Свети Петар во четвртокот 24 октомври. Новите епископи се монсињор Жанпјер Годер, претседател на Папската црковна академија и монсињор Жан Мари Спеч, кој во август е именуван за апостолски нунциј во Гана.

Епископите се „чувари и раководители на Христовите вработени", рече Папата во својата слободна проповед. Епископите се повикани да го следат примерот на Добриот Пастир и да служат на Божјиот народ, додаде папата Фрањо. Дури и нешто повеќе, „епископот треба да служи, а не да доминира":

„Епископството е име за служење, а не на чест, истакна Папата и потсети на зборовите на Учителот: „кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга! Кој управува, треба да служи. Секогаш да служи! " .

Освен да го навестува Божјото Слово, епископот треба да се моли, потсети Папата: „Епископ кој не се моли се наоѓа на средина од патот. И ако не се моли на Господ ќе остане во заробеништво на секуларизмот".

„Сакајте ги со љубовта на татко и брат сите кои ви се доверени од Бога - повика Папата. Посебно свештениците и ѓаконите. Тие се вашите помошници и најблиските до вас. Свештеникот не смее да чека да биде примен од вас, веднаш примете го. Љубете ги сиромашните, немоќните и сите кои имаат потреба од топлина и помош. Обрнете внимание и на оние, кои не припаѓаат на Христовото стадо, зашто и тие ви се доверени од Господа. Молете се и за нив".

Освен да служат и да љубат „епископите се повикани да бдеат на целото стадо" во името на Бог Отец, Неговиот Син и Светиот Дух, кој дава живот на Црквата", истакна на крајот Светиот Отец.

го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.