2013-10-21 10:54:25

Папата Фрањо до Црквата во Азија: „Христовата Црква е жива!“


„Бидете носители на правдата и мирот на Филипините и Азија“. Со овие зборови папата Фрањо се обрати во видеопораката до учесниците на Конференцијата за Новата евангелизација која се одржува од 16 до 18 октомври во Манила. Пет илјади делегати - од Тајван, Виетнам, Брунеи, Малезија, Тајланд и Мјанмар - се приклучија на повикот на локалната црква, за средба посветена на предизвиците за евангелизацијата во Годината на верата.

Од најсиромашните делови на светот до просториите на парламентите, од болничките кревети до универзитетските катедри. Просторот за навестување на Евангелието е огромен, толку колку што е безгранична Азија, каде што Црквата живее една нова пролет, но и прогонства. Папата Фрањо ги охрабрува учесниците на Конференцијата во Манила ниту едно до споменатите места да не остават празно:

„Бидете неуморни носејќи го милосрдието на Отецот на сиромашните, болните, напуштените, младите и семејствата. Запознајте ја политиката, претприемништвото, културата, науката, технологијата и социјалните медиуми со Исус Христос. Дозволете му на Светиот Дух да го обнови создаденото и да бидете носители на правдата и мирот на Филипините и на големиот азиски континент, кој зазема посебно место во моето срце“.

Папата Фрањо во пораката срдечно ги поздравува претставниците на Католичката црква во Азија, присутни на состанокот во Манила, кои во овие денови си поставија три главни цели: подлабочинско „запознавањето на Бог“ во контекст на предизвиците на новиот милениум, зајакнување на врските и заедништвото меѓу католиците и обезбедување на поттик и насоки, проткаено во духот на Новата евангелизација:

Се надевам дека преку овој конгрес ќе го запознаете уште еднаш со љубов присуството на Исус во вашиот живот, дека ќе ја запознаете повеќе Црквата и дека ќе го пренесувате Евангелието до сите луѓе со понизност и радост“.

„Светиот Дух дејствува активно во вас“, уверува папата Фрањо. „Христовата Црква е жива!“.
В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.