2013-10-07 13:01:15

На светата Литургија во Асизи папата Фрањо повика за мир


Научи не да се облечеме во Христос, да бидеме средство за мирот, и измоли за нас од Бог слога во светот“ – беше молитвата на папата Фрањо која на 4 октомври на празникот свети Фрањо Асишки, ја упати кон свети Фрањо. Светиот Отец речиси пред осум часа допатува во пасторална посета на Асизи. Веднаш по доаѓањето се сретна со болни деца и деца со инвалидитет. После средбата со сиромасите штитеници на Каритас во епископскиот двор, Папата Фрањо појде во блиската црква Света Марија Велика, а потоа во горната базилика Свети Фрањо, каде се задржа во молитва на гробот на овој светец, основач и заштитник на фрањевскиот ред. Потоа следуваше свечена света Литургија која Светиот Отец ја славеше на плоштадот Свети Фрањо.

Од плоштадот пред долната базилика Папата ја насочи својата молитва кон светецот, кој кога го сретнал Христос, одлучил да Го следи радикално – како што рече Светиот Отец – свршувајќи сe со „Госпоѓата Сиромаштија“. Но, пред тоа, илјадници верници кои го чекаа Папата Фрањо пеејќи и молејќи, го поздравија онака како што фрањевците го прават повеќе од 800 години: Мир и добро на сите! Со овој фрањевачки поздрав Ви благодариме затоа што дојдовте овде, на овој плоштад полн со историја и вера, за да молиме заедно.
Во проповедта Светиот Отец тргна од Исусовите зборови кои ни ги истакнува Евангелието од денешната Литургија: „Те прославувам. Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците“ (Матеј 11,25), и потсети дека средбата на свети Фрањо со Исус го доведе до тоа да се откаже од комотен и безгрижен живот за да го прифати сиромаштвото и да живее како вистински син на Отецот Кој е на небесата. Во целиот живот на свети Фрањо љубовта кон сиромашните и следење на сиромавиот Христос, се два неразделни фактори, две лица на еден медал – рече папата Фрањо и постави две прашања. Што ни сведочи свети Фрањо, денес? Што ни говори, но не со зборови, бидејќи – како што рече Светиот Отец – тоа е лесно, туку што ни говори со својот живот?

Прво што ни кажува, односно важна работа која ни ја сведочи е следната: да бидеш христијанин подразбира жив однос со Личноста Исус Христос, значи да се облечеш со Него, значи спојување со Него – истакна папата Фрањо тоа го направил од моментот кога пред Распетието во Свети Дамјан, дозволил Исус да го гледа од крстот. Исус кој на таа византиска икона не изгледа мртов, туку жив, не ни говори за неуспех, туку за Божјо овоплотување во Љубов. Кој дозволува распнатиот Исус да го гледа, станува повторно создаден, станува „ново создание“ – истакна Светиот Отец и додаде – Од тука се доаѓа: тука е искуството на милоста кое преобразува, да бидеш љубен без да заслужуваш, иако сме грешни. Затоа Фрањо може да каже, исто како свети Павле: „А мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос“ (Галатјаните 6, 14). Затоа свети Фрањо, - повика Папата – да нe научи да стоиме пред распетието, дозволувајќи Тој нас да не гледа и да ни простува, повторно да нѐ создаде со својата љубов.

Меѓутоа, Фрањо е оној кој прифатил и живеел во мир – напомена потоа Светиот Отец. Ете го неговото второ сведоштво за денешниот човек. Те молиме – повторно повика Светиот Отец – научи нѐ да бидеме орудие за мир, но оној мир кој може да ни го даде само Христос, а не светот. Фрањевскиот мир не е некое слатко чувство. Таков свети Фрањо не постои! – истакна Папата. А и не некој вид на пантеистичка согласност со космичките сили... додаде – Ниту тоа не е фрањевско! Тоа е идеја која некои ја направиле! Мирот на свети Фрањо е Христов мир, а го пронаоѓа оној кој на себе го зема својот јарем, односно неговата заповед: Љубете се едни со други како што јас ве љубам. А тој јарем не може да се носи арогатно, надуено, гордо, туку може да се носи со благо и понизно срце – истакна Папата.
Со мир, Фрањо, ти кој си бил сведок на почитување на Створителот и на секое човечко битие, измоли од Бог дар во овој свет да владее хармонија – тоа беше третиот силен повик на Папата Фрањо, кој стана опомена. Од овој град на мирот, со силата и благоста на љубовта: да го почитуваме создаденото, да не бидеме средства за унишување! Да го почитуваме секое човечко битие: нека престанат вооружените конфликти од кои крвари земјата, нека замолчи оружјето и насекаде омразата да препушти место на љубовта, навредата на простувањето, а неслогата на единството.

Да го слушнеме крикот на оние кои плачат, трпат и умираат заради насилство, тероризам или војна, во Светата Земја, која свети Фрањо толку многу ја сакаше, во Сирија, на целиот Блиски Исток, на целиот свет – истакна Светиот Отец и потсетувајќи на крајот дека свети Фрањо истотака е заштитник на Италија, поттикна на молитва за таа земја за сите да работат за општо добро и единство. Ќе ја преземам молитвата на свети Фрањо за Асизи, за Италија, за целиот свет – рече Папата Фрањо – Ти се молам затоа Господи Исусе Христе, Оче на милосрдието да не гледаш на нашата неблагодарност, туку секогаш да се сетиш на преобилните милости кои (во овој град) ги покажа за секогаш ова место и да биде живеалиште на оние кои вистински те познаваат и го слават твоето благословено и славно Име во вечни векови. Амин.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.