2013-09-25 10:09:49

Почесниот папа Бенедикт XVI до математичарот Одифреди: Вашата религија останува празна



„Верата, науката, злото“. Овие се темите во долгото писмо на почесниот папа Бенедикт XVI - објавено делумно во весникот Ла Република - испратено до писателот и математичар Пјерџорџо Одифреди, придружено со коментар.

Сето тоа започнува со книгата на Одифреди „Драги Папа, ти пишувам“ издадена од страна на издавачката куќа „Мондадори“ во 2011. Ова е одговорот на Папата, пристигнат во домот на математичарот на 3 септември годинава. Во писмото од 11 страници, кое датира од 30 август, почесниот Папа се заблагодарува со задоволство и благодарност, но истовремено е изненаден „од силната агресивност и неразбирање на аргументот“.

Бенедикт XVI се согласува со Одифреди дека математиката е единствената „наука“ , во потесна смисла на зборот, но бара од математика да признае дека и теологијата има дадено значајни резултати“ низ историјата и во филозофската мисла“ , нагласувајќи дека најважната функција на теологијата „е да ја задржи религијата приврзана со разумот и разумот со религијата“.

Понатаму почесниот Папата истакнува дека „ако не е мудро да се молчи за злото на Црквата, не треба истовремено да се молчи и за големата светла трага од добрина и чистота што христијанската вера ја одбележа низ вековите“. „Точно е и дека денес верата поттикнува многу луѓе со несебична љубов на служба на последните, на искреноста и на правдата. „Она што го велите за личноста на Исус, не е достојно за вашиот научен статус“, му пишува почесниот Папа на математичарот. Понатаму во своето писмо почесниот Папа продолжува: „Пред сѐ би сакал да обрнам внимание, дека вашата математичка религија не ги зема во предвид трите основни теми важни за човечката егзистенција: слободата, љубовта и злото (...) една религија која ги изоставува овие основни прашања, останува празна“.

На крајот, Папата заклучува дека неговата критика на книгата на Одифреди делумно е остра, но во дијалогот е дел од искреноста, бидејќи „само така може да се расте во истражувањето“.

РВ/Н.В








All the contents on this site are copyrighted ©.