Во четврток 19 септември во Апостолската палата во Ватикан, папата Фрањо го прими
премиерот на Литванија Алгирдас Буткевичиус, соопшти Канцеларијата за печат при Светата
Столица. Во срдечниот разговор истакнати се добрите односи кои постојат помеѓу Светата
Столица и Република Литванија. Посебно се задржаа на придонесот кој со векови го дава
Католичката Црква на воспитно и општественото поле, како и за своето заземање за семејството
и обликување на совеста за духовни вредности.
Во поглед на моменталното претседателство
на Република Литванија со Европската Унија, Папата и литванскиот премиер се осврнаа
на некои меѓународни теми кои се од интерес за двете страни. Посебен акцент е ставен
на потребата од обезбедување мир на Блискиот Исток, посебно во Сирија, барајќи политичко
решение за кризата преку дијалог и преговори, се вели во соопштението од Канцеларијата
за печат на Светата Столица.