2013-09-19 12:17:03

Повторен апел на Папата Фрањо за политичко решение на сириската криза


На Генералната ауденција во среда 18 септември пред големо мноштво народ на плоштадот Свети Петар и на улицата „Помирување“, Светиот Отец во катехезата продолжи да зборува за Мајката Црква. Денес повторно се враќам на сликата за Мајката Црква. Мене таа слика многу ми се допаѓа, затоа се враќам на неа, бидејќи ми се чини дека тоа не ни зборува само каква е Црквата, туку и какво лице треба да има за да биде вистинска Црква, нашата Мајка Црква – рече Папата, додавајќи дека сака, гледајќи ја нашата мајка, сето она што го прави, живее и страда заради сопствените деца, да истакне три работи. Ве прашувам: „Што прави мајката?“ Пред сѐ ги учи децата да одат во живот, ги учи добро да живеат, таа ги насочува децата, секогаш настојува да им го покаже вистинскиот пат за да пораснат и станат зрели. Го прави тоа нежно, со чувства и со љубов, па и тогаш кога настојува да го исправи нашиот „пат“ ако во животот малку застраниме или се упатиме кон провалија. Мајката знае што е важно за детето да има уреден живот, а тоа не го научила од книга, туку од сопственото срце. Универзитет за мајките е нивното срце: во него учи како да ги води децата. А тоа е многу убаво – истакна Светиот Отец, додавајќи:

Црквата го прави истото: го насочува нашиот живот, ни учи „добро да одиме“. Да се осврнеме на Десете Божји заповеди: ни го покажуваат патот на созревање, да имаме цврсти упоришта во својот начин на однесување. Ова добро слушнете го: Заповедите се плод на нежност, на самата Божја љубов. Можете да ми кажете: но тоа се заповеди! Тоа е збир на забрани: не, не и не! Ве потикнувам да ги читате – можеби малку сте ги заборавиле – а потоа за нив позитивно размислувајте.

Ќе видите, продолжи Папата, дека се однесуваат на нашиот однос кон Бог, кон себе самите и кон другите, токму тоа што нѐ учи мајката за да живееме добро. Нѐ повикуваат да не си создаваме материјални идоли кои нѐ претвораат во робови, да си спомнуваме на Бог, да ги почитуваме родителите, да бидеме чесни, да го почитуваме другиот... Обидете се да ги сфатите заповедите како зборови, како поуки од мајка за добар живот. Мајката никогаш не учи нешто што не треба, бидејќи ги сака своите деца, а така прави и Црквата – рече Папата Фрањо.

Уште сакам да ви го кажам и ова: кога едно дете ќе порасне, кога е зрело, тргнува по својот пат, ги прифаќа своите одговорности, оди на сопствени нозе, прави што сака, а се случува понекогаш да скрене од патот, па и некогаш некоја несреќа. Мама секогаш, во секоја ситуација, трпеливо ги следи децата. На тоа ја потикнува силата на љубовта; мајката знае со обзир и нежно да го следи одењето на децата и кога ќе згрешат секогаш ги разбира, со нив е и им помага. Велиме мама знае да биде драга, така се вели во мојата земја. „Што значи тоа?“ – праша Светиот Отец одговарајќи Мама знае да се покаже поради сопствените деца, секогаш е спремна да ги брани. Мислам на мајки кои страдаат заради децата во затвор или во тешки ситуации: тие никогаш не прашуваат дали децата се виновни или не, продолжуваат да ги сакаат и често поднесуваат понижување; не се плашат, непрестано распламтени за децата. Мајките не се срамат од своите деца – рече Папата.

И Црквата прави така, таа е милосрдна мајка, сфаќа, настојува секогаш да помогне, да ги храбри своите деца без разлика на нивните грешки, никогаш не им ја затвора вратата од дома: не ги осудува, туку им го нуди Божјото простување, им ја нуди Неговата љубов која ги повикува децата да се расположат и тогаш кога паднале во длабока провалија, мајката не се плаши да влезе во ноќта да ја врати надежта. Ниту Црквата не се плаши да влезе во нашата ноќ, кога нашата душа и совест е во темнина, во нас да ја разбуди надежта; да, Црквата е Мајка бидејќи се однесува како мајка – рече Светиот Отец.

Мајката знае секогаш да бара и поради сопствените деца и без двоумење да чукне на секоја врата, а тоа го прави од љубов. А размислуваме за тоа како мајките знаат трпеливо да чукаат на вратата на Божјото срце. Мајките многу молат за своите деца, посебно за оние најслабите, за оние во потреба, за оние кои се упатиле кон опасни и погрешни патишта - рече папата и ја спомена света Моника.

Пред неколку недели служев миса во црквата Свети Августин, овде во Рим, каде се моштите на света Моника. Колку таа мајка се молела на Бог за синот, колко солзи пролеала? Мислам на вас, драги мајка: колку вие молите за своите деца, не се изморувате. Продолжете да молите, своите деца доверувајте ги на Бог, Тој има големо срце. Молејќи за децата, чукате на вратата од Срцето Божјо! – истакна Папата, додавајќи: и Црквата го прави истото, молејќи, во Господовите раце ги поверува сте ситуации на своите деца. Да се надеваме цврсто во молитвената сила на Мајката Црква: Господ не е безчувствителен. Знае секогаш да ни изненади кога тоа не го очекуваме. Тоа го знае Мајката Црква! Еве денес сакав да ги изнесам овие мисли: Да гледаме во Црквата добра мајка која ни го покажува патот за животот, која е секогаш трпелива, милосрдна, внимателна и која се предава во Божјите раце - заклучи Папата Фрањо.

После вообичаените поздрави Папата на завршетокот на аудиенцијата упати нов апел за мир. Обединетите нации секоја година, на 21 септември, го слави Меѓународниот ден на мирот, а Екуменскиот совет на црквите ги повикува своите членови на тој ден да молат за мир. Ги повикувам католиците од целиот свет да се придружат во молитвата со другите христијани барајќи од Бог мир во напатените места од нашата планета.

Мирот е Исусов дар, секогаш нека преовладува во нашите срца, и нека надахнува накани и делувања за сите луѓе со добра волја. Сите да се трудиме храбрејќи за дипломатско и политичко решение забранувајќи ги жариштата на војните. Посебно мислам на драгиот сириски народ, чија човечка трагедија може да се реши единствено со дијалог и преговори, почитувајќи ја правдата и достоинството на секоја личност, посебно на слабите и беспомошните - рече Светиот Отец.

РВ/Д.И./Б.У








All the contents on this site are copyrighted ©.