2013-09-19 12:11:08

Папата се сретна со свештениците од Римската епархија


Сега кога сум Папа, се чувствувам како свештеник - е една од клучните мисли од разговорот кој папата Фрањо го имаше на 16 септември со свештениците од Римската епархија. Средбата, на кој беше присутен и папскиот викар за градот Рим, кардинал Агостино Валини, е одржана во базиликата Свети Иван Латерански. Што е напор за еден свештеник, епископ, па и за римскиот епископ?

Во воведниот говор папата Фрањо се задржа на тоа прашање. Притоа на пристуните свештеници им се довери дека на тоа го поттикнало писмото на еден стар свештеник кој зборува токму за напорот, за „уморот на срцето”. Постои напор од работа кој сите го познаваме. Стигнуваме вечер, изморени од работа и поминуваме пред табернакулот за да го поздравиме Господ. Бидејќи, секогаш треба да се застане пред табернакулот - предупреди Папата. Кога свештеникот е во контакт со својот народ, се изморува. Кога свештеникот не е во контакт со својот народ, повторно се изморува но на лош начин, и за да заспие треба да земе таблета - речеПапата и истакна - Напротив, оној кој е во контакт со својот народ, бидејќи народот – додаде - навистина има многу потреби, но тие се Божји потреби зар не?, тој свештеник навистина се изморува и не му се потребни таблети. Постои, меѓутоа, и „конечен замор”- рече потоа папата - кој се гледа пред крајот на животот, кога светлото е темно, темнината помалку сјајна. Тој замор се појавува во моментот кога би требало да дојде победата; но напротив, доаѓа тој замор. Според зборовите на Папата, тоа се случува кога свештеникот се испитува за својот живот, кога гледа назад, на поминатиот пат, и се прашува дали погрешил, дали неговиот живот е неуспешен. Тоа е замор на срцето за кое во своето писмо пишува споменатиот свештеник. Според тоа свештеникот кој доживува такво искуство треба да моли сѐ додека не заспие пред табернакулот. Освен тоа, ќе бара близина со другите свештеници, и најмногу со епископите. Ние, епископите, треба да бидеме близу до свештениците, треба да манифестираме љубов кон ближните, а најблиски ни се свештениците. Епископите се најблиски до свештениците - повтори Светиот Отец и додаде - Но и обратно; на свештениците најблизок треба да им е епископот.

Папата Фрањо потоа започна разговор за свештениците од својата епархија, на кои им рече дека треба да се слободни и да и да прашаат сѐ што сакаат. Така на првото прашање Светиот Отец одговори дека во пасторалната служба не треба да се мешаат креативноста со правење нешто ново. Креативност е барање пат за навестување на Евангелието, а тое не е лесно - истакна Папата. Тоа не значи само да се променат работите. Креативноста доаѓа од Духот, а до неа се доаѓа со молитва и разговор со луѓето - рече Светиот Отец и се присети на искуствата од времето кога беше архиепископ на Буенос Аирес.

Со еден свештеник пробал да ја направи црквата угодна за верниците. И заклучиле дека е добро црквата да биде цел ден отворена, и секогаш да има еден исповедник на располагање. Тоа е храбра креативност - истакна папата Фрањо. Треба да се бараат нови патишта, а тоа е „пасторално обраќање“ .Црквата ни дава многубројни можности, многу слобода за барање на такви работи. Треба да се бараат моменти на прифаќање, кога верниците заради нешто доаѓаат во парохијата - рече Светиот Отец и сериозно ги критикуваше оние кои во парохијата повеќе се грижат за тоа како ќе бараат пари за некоја потврда, отколку за Светите Тајни, и така ги оддалечуваат луѓето. Напротив, потребно е срдечно пречекување, така да оној кој ќе дојде во Црквата да се чувствува како во свој дом. Да не се почувствува искористен - истакна папата. Притоа Светиот Отец се присети на еден свештеник кој му рекол: Јас не наплаќам ништо, па дури ни наканите за Литургија. Имам една кутија во која луѓето ставаат колку што сакаат. Но, Оче, имам скоро двојно повеќе од она што го имав порано! Бидејќи, луѓето се великодушни, а Бог ги благословува таквите работи - рече свештеникот. А ако луѓето видат дека постои економски интерес - додаде папата- се оддалечуваат.

На прашањето што сега вели за себе, бидејќи како архиепископ во Биенос Аирес со задоволство говореше дека едноставно е свештеник, Светиот Отец истакна дека навистина се чувствува како свештеник, епископ.... Би ми било страв да се чувствувам важен, биејќи ѓаволот е лукав. Ти дава да почувствуваш дека имаш моќ, дека можеш многу да направиш, но секогаш кружи околу тебе како лав, како што вели свети Петар – рече папата Фрањо и благодарејќи му на Бог што го нема изгубено тоа чувство за едноставност ги поттикна сите, ако еден ден забележат дека го има изгубено, да го предупредат и да го повикаат да се преобрати.
Потоа Светиот Отец говореше за милосрдни свештеници. Вљубениот свештеник секогаш ќе ја спомнува првата љубов, Исус, ќе се враќана неговата верност, која секогаш останува и нѐ чека – рече Папата и додаде дека Црквата која го губи памтењето е електронска Црква, која нема живот. Поради тоа треба да се пази од непопустливи свештеници, и од оние кои се претерано попустливи. Милосрдниот свештеник е оној кој ја зборува вистината, но додава: Не плаши се, добриот Бог не чека. Заедно одиме“ Тоа треба секогаш да го имаме пред очи: да ги следиме луѓето – истакна Папата – да бидеме сопатници. До преобраќање секогаш се доаѓа на пат, а не во лабораторија. Божјата вистина е онаа вистина, да кажеме со еден збор „догматска“ или морална“ но проследена со Божјата љубов и трпение – додаде Светиот Отец.

Во Црквата има скандали, но и многу светост, а светоста е поголема од скандалите – рече папата Фрао и додаде – Има и секојдневна светост, сокриена, светос на бројни мајки и жени, бројни мажи кои работат цел ден за смејството. Се осудувам да кажам дека Црквата никогаш не била толку добра како денес. Црквата нема да пропадне, во тоа сум сигурен! – истакна Папата.

На средбата со римскиот клер Светиот Отец потоа говореше за животната периферија, повторно истакнувајќи ги своите мисли за празни манастири и за великодушноста кој оние во потреба. На крајот с еосврна на темата семејство, а посебно на чувствителното прашање за ништавноста на бракот и втор брак. Тоа прашање му беше на срцето на Бенедикт XVI – рече и додаде: Тој проблем не може да се сведе само на тоа дали може ии не може да оди на Причест, бидејќи кој само така гледа на ова прашање, не ја сфаќа суштината на проблемот.

Тоа е голем проблем на одговорност на Црквата кон семејствата кои живеат во таква ситуација. Поради тоа Црквата во вој момент Црквата треба да направи нешто за да го реши проблемот со брачната ништовност, а за тоа ќе се разговара на состанокот со групата од осум кардинали, на почетокот на месец октомври. За тоа ќе се говори и за Епископската синода за антрополошкиот однос на Евангелието со лицата и со семејствата. Тоа е вистинска животна периферија – истакна папата Фрањо и во многу срдечно расположение кое владееше во базиликата на крајот спомна дека на 21 септември слави 60 годишнина од свештеничкиот повик.

РВ/Б.У/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.