2013-09-17 10:15:46

Латинските епископи од Блискиот Исток на конференција во Рим


Во Рим во вторник 17 септември започнува редовното заседание на преставниците на Конференцијата на латинските епископи во арапските краеви, чиј членови се католички епископи од латински обред на Блискиот Исток, Египет и Сомалија. Собирот ќе трае до 20 септември, а секој епископ, член на Конференцијата, за време на престојот во Рим ќе има можност да слави света Литургија со Светиот Отец во капелата на домот Света Марта.
На седниците ќе учествува и латинскиот патријарх од Ерусалим Фуад Твал, а ќе се говори за програмата за затворање на Година на верата и одбележување на јубилејот 50 години од отворањето на Вториот Ватикански собор.

Епископската конференција на епископите во арапските земји е формирана во 1967 година, а со цел, според документите на Вториот ватикански собор, да го поттикнува епископското заедништво и заедништвото меѓу локалните Цркви.

За време на заседанието епископите ќе разменат мислења за судирите на Блискиот Исток, од кои христијанските заедници се тешко погодени. На заседанието требаше да присуствува и Георг Абоу Казен, апостолски управител на викаријатот во Алепо - Сирија, но бидејќи градот е со месеци под опсада не може да го напушти градот, пренесува агенцијата Фидес.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.