2013-09-16 10:20:12

Таинството на Крстот може да се сфати единствено со молитва и солзи


Таинсвото на Крстот го надминува човекот. Тоа таинство може да се сфати единствено со молитва и солзи – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија во сабота 14 септември во капелата на домот Света Марта која ја предводеше на празникот Воздвижение на Светиот Крст.

Во таинството на крстот е човечката и Божјата историја – рече Папата – кое црковните Оци го споредуваат со две дрва: дрвото на спознание на добро и зло во Рајот и дрвото Крст. Со првото следуваше зло, а со другото спасение – простување на злото. Тоа е текот на историјата: патот за да се најде Исус Христос, Откупител, кој од љубов го жртвува својот живот. Бог всушност не го испратил во светот својот Син за да го осуди на светот, туку светот преку Него да се спаси. Тоа дрво на Крстот нѐ спасува од последиците на она дрво, во кое самобендисаноста, гордоста, ароганцијата, тежнеењето сѐ да спознаеме, според нашиот менталитет и мерила и според нашата способност да бидеме судии во светот. Тоа е човечката историја: од едното до другото дрво - рече Светиот Отец додавајќи: Но на крстот е и Божјата историја, бидејќи можеме да кажеме дека и Бог има историја. Тој сакаше да ја присвои нашата историја преку неа да оди заедно со нас: стана човек, се понижи, за да можеме ние да се воздигнеме, стана слуга послушен сѐ до смрта на крст, за нас да нѐ воздигне – објасни Папата Фрањо.

Бог го направи тоа од љубов! Друго објаснување за тоа нема - единствено љубов. Денес го гледаме крстот, човечка и Божја историја. Гледаме крст на кој може да се вкуси мед од алое вера „слатка“ горчина на Исусовата жртва. Но преголемо е тоа таинство и сами не сме способни правилно да го сфатиме; да ја почувствуваме неговата спасителна димензија. Таинството на крстот може донекаде да се препознае единствено на колена, во молитва и во солзи; и солзите нѐ доближуваат до тоа таинство – истакна Папата Фрањо, додавајќи: Никогаш без плачење во срцето не може да го сфати тоа таинсво. А тоа е плачот на покајание, плач на брат и сестра кои ја гледаат големата човечка беда, а ги гледаш во Исус, плачејќи на колена и никогаш сами, никогаш - рече Светиот Отец. За да влеземе во тоа таинство, кое не е лавиринт, но му е сличен, потребна ни е Мајка, односно Мама за по неа да ја почуствуваме големината и понизноста на тоа таинство; колку е слатко како мед; и колку е горчливо како алое. Нека Таа нѐ прати на овој пат, на кој нас никој не може да не замени. Секој мора да оди по тој пат! Со Мама, плачејќи на колена - заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.