2013-09-16 10:32:03

Папата ги прими во аудиенција витезите на Светиот гроб


Оди, гради и исповедај – тие се трите збора кои веќе Папата Фрањо ги истакна на самиот почеток од својот понтификат, кои беа во центарот на говорот на Светиот Отец кој го одржа во петок на 13 септември, пред учесниците на витешки ред на Светиот ерусалимски гроб. Светиот Отец потсети на каритативната цел на поклонението на споменатиот ред, кој е во корист на браќата и сестрите во Светата земја, а посебно на оние кои се во потреба, оние кои се во неволја, и живеат во напнатост и страв. Истотака и нашите браќа христијани кои многу трпат – рече и додаде – сите ги поздравувам со посебна наклонетост, и ги прегрнувам – христијани и нехристијани – гарантирајќи им ја својата секојдневна молитва. Исус Христос, распнат и воскреснат, навистина нека биде во центарот на вашиот живот – рече Папата и додаде – Треба да верувате во откупителната сила на Крстот и Воскресението за да дадеме надеж и мир кои се посебно потребни на Исусовата земја! Верата не нѐ одделува од одговорностите кои сме повикани да ги преземеме на себе, туку напротив, нѐ предизвикува и поттикнува конкретно да се заземаме во постигнување на подобро општество – истакна Светиот Отец. Потсетувајќи потоа на тројна обврска од која треба да се инспирира секој христијанин, односно да одиш, да градиш и исповедаш, Папата Фрањо истакна дека на животниот пат секој може да биде „скитник“ или „поклоник“. Многу луѓе се скитници бидејќи – како што рече Светиот Отец – го немаат идеалот на животот. Поклонението, напротив, не е скитање без цел, туку искуство за изградба на милост и љубов. А одењето во изграденото произлегува од постојаното, темелното исповедување на верата. Исповедување на верата и сведочење на љубовта, се многу тесно поврзани – истакна Папата и ги поттикна членовите на Витешкиот ред да бидат големи пратеници на мирот. Бидете сведоци на длабоката смисла и светлоста кои ги носи верата; знајте да го зачувате големото богатство на вредности и мудрости од минатото, но силно живејќи во сегашноста, заземајќи се во денешнината, и со поглед насочен кон иднината, и отворајќи со своето делување хоризонти на надеж за да му дадеме на општеството му хумано лице – истакна папата Фрањо. На крајот да споменеме дека повеќе од 3.500 витези и дами, се членови на Витешкиот ред на Светиот ерусалимски гроб, се собраа овие денови во Рим по повод светскиот совет кој се одржува секои пет години, а на кој се разгледува состојбата на католичката заедница во Светата Земја. Истовремено, овие денови се одржува и меѓународно поклонение на споменатиот ред.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.