2013-09-16 10:26:29

Новости од понтификатот на папата Фрањо


Пред шест месеци е избран папата Фрањо. Многу важни одлуки ги одбележаа минатите месеци, а меѓу нив е да не престојува во Апостолската палата, туку во домот Света Марта, од каде секојдневно ни пристигнуваат неговите проповеди. Потоа тука е и одлуката за реформи во Римската курија, како и заземање за финансиска и економска транспарентност во Ватикан.

Говорејќи за првите шест месеци од понтификатот на папата Фрањо, во разговор за Радио Ватикан, патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светата Столица и Радио Ватикан, рече дека првата новост - која сите ги изненади – е изборот на името Фрањо. Досега не сме имале ниту еден Папа со име Фрањо - рече патер Ломбарди, додавајќи дека самиот Свети Отец, со своите досегашни постапки, го објасни своето име: заземање за сиромашните, мир и зачувување на создаденото.

Втора новост, е крајот на црковениот евроцентризам. Папата е од Латинска Америка, а тоа се почувствува и за време на Светскиот ден на млади. Тој својата латино-американска чувствителност кон сиромашните ја пренесува на целата Црква и така ја збогати Црквата - потенцира патер Ломбарди и се осврна на - според неговите зборови - третото значајно обележје на овој понтификат. Папата многу зборува за посланието на Црквата, Црква која излегува од себе и оди во светот. Ми доаѓа на ум прекрасното писмо од блажен Иван Павле II. „Во длабочината” (Duc in altum), упатено на Црквата во третиот милениум. Ми се чини дека со папата Фрањо одлучно излегува на површината, без страв, негативност, радосна што може со нови хоризонти да се сретне Божјото таинство .- рече патер Ломбарди. На новинарската забелешка дека Папата Фрањо ја раздрмал совест на многумина христијани и многу се вратиле во Црквата, рече дека стилот на Папата, директниот говор и однесување побудува голем интерес и занес. Уверен сум дека главната причина за тоа е во неговиот говор за Бог - љубов, за неизмерното Божјо милосрдие, за Бог кој секогаш простува. Таков говор им се допаѓа на човечките срца, а Папата добро ги познава раните на денешниот човек: неговите мачни искуства, тешкотии и мизеријата, според тоа неговите зборови продираат во длабочината на човечките срца - изјави патер Ломбарди.
РВ/Б.У








All the contents on this site are copyrighted ©.