2013-09-14 17:02:15

Папата упати порака до учесниците на Социјалната седмица во Торино


Во пораката до учесниците на Социјалната седмица во Торино Папата укажа на семејните вредности, но и предупреди на насилството кое се случува во семејствата
Во пораката која ја упати на учесниците на 47 социјална седмица на италијанските католици, папата Фрањо ја истакна христијанската наука за семејството, пишувајќи дека таа за христијаните е повеќе од тема, таа е „дневна мрежа” и место за љубов, трпение, трудољубивост, надеж и конкретна солидарност во која се пренесуваат верата и моралните вредности. Таквото семејство е квасец за целото општество, напиша Папата и предупреди и на проблемите кои го оптоваруваат семејството, меѓу кои се и недостатокот на работа и дом, и неможност за слободна примена на сопствените образовни избори, истакнувајќи ја подршката на Црквата за семејствата во нивната мисија. Исто така, истакна дека не смее да се заборави дека во многу семејства постојат конфликти, брачни несогласувања и насилство. Семејството останува темел на општеството и економијата, напиша папата Фрањо, објаснувајќи дека семејството е првото училиште за великодушност, споделување и одговорност кое ни учи да го совладаме денес раширениот индивидуалистички менталитет. Папата, исто така, посведочи за важноста на грижата за децата и старите лица, бидејќи народот кој не ги вреднува старите, децата и младите нема иднина. 47-та социјална седмица на италијански католици се одржува од 12 до 15 септември во Торино на темата „Семејството: надеж и иднина на италијанското општество”.
РВ/Б.У








All the contents on this site are copyrighted ©.