2013-09-14 16:51:12

Од папата Фрањо можеме да очекуваме уште многу изненадувања


На 13 септемви, точно шест месеци од изборот на папата Фрањо може да се каже дека воведе нов пристап во папството. Неговата топлина, енергија и едноставност ги освои луѓето од сите делови на светот, не само католици. „Папа изненадување така може да го нарекувам и се согласувам со тоа, морам да забележам дека голем број луѓе чувствуваат посебна поврзаност со него. Луѓето прекрасно реагираат на неговите спонтани гестови, како телефонските повици и излегување од папамобилот за лично да ги поздрави луѓето. Ја сакаат неговата едноставност и го следат неговиот ентузијазам околу иницијативите“ , истакна во разговор за news.va монсињор Џон Кенеди од Конгрегацијата за наука на верата. Сепак, монсињор Кенеди јасно нагласи дека папата Фрањо знае што прави и каде оди. „Тој е човек со визија, кој има планови за целата Црква, за нејзина реформа. Папата има послание за цел свет, а неговите пораки ги слушаат и оние кои не се католици.“ истакна монсињор Кенеди посебно укажувајќи како со својот пример Папата ги охрабрува „проблематичните“ католици да се вратат во верата. „Тој го покажува најдоброто во Црквата“, нагласи монсињор Кенеди. На прашање што можеме да очекуваме во наредните шест месеци, мосињор Кенеди одговара: Уште многу повеќе, многу изненадувања и ги повикувам луѓето да обрнат внимание!“








All the contents on this site are copyrighted ©.