Во четврток 12 септември папата Фрањо ја прими на аудиенција тајландската премиерка
Јинглук Шинаватра, која потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Тарчизио Бертоне
и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. За време на срдечниот
разговор – како што стои во соопштението на канцеларијата за печат при Светата Столица
– се истакнати добрите односи помеѓу Тајланд и Светата Столица, како и слогата и соработката
помеѓу Црквата и државата, и тоа посебно на воспитно и социјално поле. Освен тоа станало
збор и за некои актуелни меѓународни теми, како и за политичката состојба на Азискиот
континент, со посебен осврт на важноста на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог
при промовирање на човековите права, мир и праведност – се истакнува во соопштението
од канцеларијата за печат при Светата Столица.