2013-09-11 09:58:40

Христијаните се повикани храбро да го навестуваат Христос


Христијаните се повикани храбро да го навестуваат Христос, без срам и без триумф – рече Светиот Отец во проповедта на Света Литургија во вторнико 10 септември во капелата на домот Света Марта. Папата предупреди на опасноста од христијанство без Воскресение и истакна дека Христос секогаш е центарот на нашиот живот.

Исус е Победник, Тој ја победи смрта и гревот. Папата ја започна својата проповед тргнувајќи од Исусовите зборови во посланието на свети Павле до Колосјаниете. На сите нас – рече Папата – свети Павле не советува да одиме со Исус, бидејќи Тој победи, да одиме вкоренети во Него и соѕидани на Него, на неговата победа, цврсти во верата.“ Ова е главното: Исус воскресна!“ Но тоа не е лесно да се сфати – додаде Папата и потсети дека во Атина грците љубопитно го слушале говорот на Павле за воскресението и многу христијани всушност не веруваат во Воскресение – тие се христијани без Воскреснатиот Христос; тие го следат Христос до гробот, плачат, го сакат, но само до гробот. Размислувајќи за таквото однесување на христијаните без Христос, најдов три видови, но ги има и повеќе: тоа се кротки христијани, потоа срамежливи и триумфалистички христијани. Тие се три вида на христијани кои не можат да се сретнат со Воскреснатиот Христос! Плашливи: тие се христијани на воскресното утро, оние од Емаус, кои заминуваат, кои се плашат – објасни Светиот Отец. Плашејќи се од Евреите Апостолите се затворија во собата на Последната вечера; и Марија Магдалена плаче, затоа што го однесоа Телото на Господ. Такви се плашливите тие се плашат да размислуваат за воскресението. Потоа има христијани кои се срамат. Да исповедат дека Христос воскреснал – забележа Папата – е срамота во денешно време, заслепени од науката. За таквите христијани свети Павле вели да се чуват да не ги заведе филозофијата и да ги измами вдахновението на човечките преданија. Потоа има христијани кои во длабочината не веруваат во Воскреснатиот, туку сакаат воскресението да го направат повеличествено од вистинското воскресение. Тие се триумфалистички христијани – рече Папата.

Таквите не го познаваат зборот „победа“, тие познаваат само триумфализам, бидејќи страдаат од комплекс на помала вредност, затоа воскресението сакаат да го направат поинакво. Кога ги набљудуваме таквите христијани, тоа се гледа во нивното триумфалистичко држење, во зборовите, говорот; во нивното пасторално делување, во Литургијата, и во многу што прават. Така се однесуваат бидејќи на крајот на веруваат во воскреснатиот. А Тој е победник, Тој е Воскреснатиот. Затоа, без срам, страв, без триумфализам, треба едноставно да гледаме на Воскреснатиот Господ, неговата убавина, исто така ставајќи ги прстите во неговите рани и раката во прободеното ребро – охрабри Папата Фрањо.

Ова е пораката која денес ни ја упати свети Павле: Христос е сѐ, Тој е потполност и надеж, бидејќи е Свршеник, Победник. Денешното Евангелие –додаде Папата – говори за мноштвото народ, кое го слуша Исус, а меѓу тоа мноштво има и болни кои сакат да го допрат, бидејќи од Него излегува сила која оздравува. Ние веруваме во Воскреснатиот. Тој го победи светот. Да одиме во пресрет и да му се препуштиме како споменатите болни за да нѐ допре со својата сила, бидејќи и Тој е од месо и коски, а не некоја духовна идеја... Тој е жив. Воскресна и така го победи светот. Нека ни подели благодат тоа да го сфатиме и живееме - заклучи Светиот Отец.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.