2013-09-10 09:25:17

Папата Фрањо: Христијанската надеж не во оптимизмот, туку во Исус Христос


Крепоста надеж – можеби е помалку позната од крепоста вера и љубов – никогаш не треба да се мешат со човечкиот оптимизам, кое е повеќе променливо однесување. За христијаните надежта е лично Исус; неговата сила на ослободување која го обновува секој живот – рече во понеделник 9 септември Папата Фрањо проповедајќи на светата Литургија во домот Света Марта. Надежта е Исусов дар; надежта е самиот Исус, надежта го носи Неговото име. Надежта не е во оние кои гледаат „половина полна чаша“ – тоа е едноставно оптимизам, а оптимизмот е човечки став кој зависи од многу работи – рече Светиот Отец, насочувајќи ја утринската проповед на крепоста надеж и на важноста на овие разлики. Тоа го направи поаѓајќи од зборовите на свети апостол Павле до Колосјаните: „Христос надежта на славата е во нас“. Сепак – забележа Папата – надежта е крепост од „втора класа“, понизна крепост, ако ја споредиме со веќе спомнатите вера и љубов. Заради тоа може да се случи да се измеша со добро расположение. Но надежта не е оптимизам, туку нешто друго. Надежта е дар на Светиот Дух. Но, апостол Павле ни вели дека надежта има и свое име. Надежта е Исус. Не можеме да кажеме: Има надеж во животот, имам надеж во Бог“ – Не ... Ако не кажеш: Имам надеж во Исус; во Исус Христос, жива Личност кој сега доаѓа во Евхаристијата; кој е присутен во своето Слово... тоа тогаш не е надеж туку добро расположение и оптимизам...

Папата Фрањо потоа се осврна на Евангелието, на настанот во кој Исус ја лечи исушената рака на еден човек, предизвикувајќи со тоа негодување кај книжниците и фарисеите. Со своето чудо – забележа Папата – Исус ја оздравува раката и покажува на оние „крутите“ дека нивниот пат не е пат на слобода. Слободата и надежта одат заедно: каде што нема надеж не може да има слобода – истакна Светиот Отец. Исус - Надежта сѐ повторно создава; трајно чудо. Не правел само чуда на оздравување и други работи: тоа беа само знаци, одбележја на она што сега го прави во Црквата. Чудото на повторно создавање на сѐ: тоа што го прави во мојот живот, во твојот, во животот на сите нас... Повторно создавање и она што Тој повторно го создаде. Тој е мотив на нашата надеж. Христос е оној кој сите работи ги прави повторно нови Тој е мотив на нашата надеж. А таа надеж не разочарува, бидејќи Тој е верен. Не може себе си да се негира. Тоа е тогаш крепоста надеж истакна Светиот Отец. Посебна мисла папата Фрањо упати на свештениците. Помалку е жално кога некој ќе наиде на свештеник без надеж, додека е убаво да наидеш на свештеник кој стигнал до крајот на животот, не со оптимизам, туку со надеж - рече Папата Фрањо и додаде – Тој свештеник е многу тесно поврзан со Исус, а на Божијот народ потребно му се свештениците да го дадат тој знак на мир, да живееме во таа надеж во Исус кој сѐ прави ново. Нека Господ кој е надеж на славата, кој е центар и потполност, ни помогне на овој пат (на надежта): да ни даде надеж, да бидеме воодушевени. И како што веќе кажав, не е секогаш оптимизам, туку тоа што Марија го имала во своето срце, во најголемата темнина, од Велики петок до мугрите на Воскресната недела. Таа надеж. Таа ја имала. Надежта е таа што се одново создава. Господ ни ја поделил таа милост – рече Светиот Отец.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.