2013-09-09 10:46:55

Бдение за мир: Војната секогаш е пораз за човештвото


Околу сто илјади луѓе се собраа во сабота 7 септември на Плоштадот Свети Петар за да учествуваат заедно со Папата Фрањо на молитвеното бдение по повод Денот на пост и молитва за мир во Сирија и во целиот свет. Плоштадот беше отворен во 16.30 минути, а бдението започна во 19.00 часот и траеше до 23.00 часот. Бдението започна со читање на зборовите кои Папата Фрањо ги упати во текот на Ангел Господов минатата недела. Меѓу учесниците на бдението, не присуствувале само католици, туку и припадници на други христијански вероисповеди и религии, но и верници кои одговориле на повикот на Папата на молитва и пост, претставници на државната и локалната власт, дипломатски преставници и здруженија. Точно во 19.00 часот на вратите на ватиканската базилика се појави Папата Фрањо и се спушти по степениците до балдахинот во центарот на плоштадот. Собраното мношно бурно го поздрави доаѓањето на Папата. Со носењето на сликата „Salus Popoli Romani“, која е многу почитувана кај верниците од градот Рим, и химната „Дојди Душе Свети“ која во петта строфа се пее „ Душманите истерај ги и дај ни постојан мир, оди пред нас, води нѐ, за да се отргнеме од секое зло, а Бдението започна со Света Бројаница. Пред секое таинство, после секое библиско читање и коментар, според желбата на Папата се читаше и мисли на света Тереза на Детето Исус за да се довери судбината на светот на Кралицата на мирот. Војната никогаш не води до мир, а идолот моќ ги претвара луѓето во нов Каин кој за оправдување на своето насилство се служи со недозволени средства, рече Папата во своето обраќање на мноштвото собрано на бдението. Светот кој го сакаме е свет на хармонија и мир – како што Бог го создаде – но во него има исто така насилство, поделби, конфликти, војна. Папата Фрањо тргна од библиското известување за создавањето, за прекрасното Божјо дело, кое е наградено кога човекот престанува да го гледа хоризонтот на убавината и добрината и се затвара во сопствена себичност. Кога човекот мисли само на себе, на сопствените интереси и во центарот се става самиот себе, кога дозволува да го фасцинираат идолите моќ и власт, кога се поставуваат на Божјото место, тогаш се расипуваат сите односи, сѐ се руши и се отвора вратата на насилството, рамнодушноста, конфликтот, рече Папата. Кога човекот, продолжи Папата, ја прекинува хармонијата со созданието тоа доведува да се дигне рака против братот за да се убие, станува како Каин и братот кој треба да го чува и љуби станува непријател кој треба да го победи, убие. Во секое насилство и во секоја војна ни се чини дека повторно се родил Каин. Ние сите! И денес ја продолжуваме таа историја на конфликт меѓу браќата, а нашите причини за оправдување на насилството станаа суптилни.

Продолжува да блеска уништивањето, а смрта е како нешто сосема нормално! Насилството и војната донесуваат само смрт, зборуваат со јазикот на смрта! Насилството и војната имаат јазик на смрт!, рече Папата. Но после потопот, истакна Папата, престана да врне дожд: се појави виножито и голуб го донесе гранчето маслинка. И денес мислам на она маслинка која ја засадивме во Буенос Ариес на плоштадот Мајо 2000 година која ги претставува различните религии, барајќи да не владее повеќе хаос, да нема повеќе војни, барајќи мир. Папата затоа се запраша: дали е можно да одиме по друг пат? Можеме ли да излеземе од спиралите на страдање и смрт? Можеме ли повторно да научиме да чекориме и поминуваме по патиштата на мирот? Сакам ова вечер сите ние од сите делови на светот да повикаме: Да, тоа е можно за сите! Што повеќе сакам секој од нас, од најмлад до највозрасен, сите до оние кои се повикани да владеат со народите, одговорат: Да тоа го сакаме! Христијанската вера нѐ потикнува да гледаме во крстот. Би сакал за еден момент сите мажи и жени со добра волја да погледнат во крстот! Тука може да се прочита Божјот одговор. Тука на насилството не се одговорило со насилство, на смрта не се одговорило со јазикот на смрта. Во тишината крстот ја стишува вревата на оружјето и зборува со јазикот на помирување, простување, дијалог за мир. Сакам вечерва да го замолам Господ ние христијаните, браќата од останатите религии, секој маж и жена силно да повикаат: насилството и војната никогаш не водат до мир! Папата затоа ги повика сите да се загледаат во длабочината на сопствената совест и да ги слушнат оние зборови коиј велат: излези од своите интереси кои го убиваат срцето, победи ја рамнодушноста кон другите која твоето срце го прават нечувствително, победи ги причините кои водат до смрт и отвори се за дијалог, помирување. Погледни ја болката на својот брат... мислам на децата... и не додавај друга болка, запри ја твојата рака, повторно изгради ја хармонија која е нарушена; и тоа не со конфликт, туку со средба. Нека заврши вревата на оружјето! Војната секогаш означува неуспех на мирот, таа секогаш е пораз на човештвото. Повторно нека одекнат зборовите на Павле VI: Не веќе едни против други, повеќе не, никогаш! Никогаш повеќе да нема војни, никогаш да нема војни. Простување, дијалог, помирување тоа се зборови на мирот: за љубениот сириски народ, на Блискиот исток, во целиот свет. Да молиме за помирување и мир. Така нека биде, рече Светиот Отец на крајот од своето обраќање. Потоа беше изложено Пресветата Евхаристија за обожавање, а во меѓу време се читаа библиси текстови и се упатуваа молитви за мир. На крајот, со звукот на оргулите, по двајца луѓе – претставници на Сирија, Египет, Светата Земја, САД и Русија – принесоа темјан. Бдението продолжи со читање на текстови – пророк Јеремија, светиот папа Леон Велики и евангелистот Иван. На крајот на бдението папата Фрањо на присутните им подели Евхаристиски благослов.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.