2013-09-05 11:02:13

Прва Генерална аудиенција на Папата по летната пауза


Во катехезата на среда 4 септември на Генералната аудиенција Папата повторно се осврна на Светскиот ден на млади и ги повика младите да бидат градители на подобра иднина. Со Исус, во единство со него, рече Папата во својата прва катехеза после летната пауза, можеме многу да направиме. И едно момче, и една девојка, кои во очите на светот вредат малку или ништо, во Божјите очи е апостол на Царството, надеж за Бог! Папата потоа ги запраша младите: сакате ли да бидете надеж за Бог? Сакате ли да бидете надеж за Црквата? Срцето на млад човек, кое ја прима Христовата љубов, се претвора во надеж за другите, тоа е голема сила! Да помислиме само што означува она мноштво на млади кои се сретнаа со воскреснатиот Христос во Рио де Жанеиро и ја внесуваат неговата љубов во секојдневниот живот, таа љубов живее, сепренесува и се шири. Тие нема да завршат по весниците, бидејќи не прават насилство, не предизивикуваат скандали и со самото тоа не се вест. Но,ако останат соединети со Христа, го градат неговото Кралство, градат братство, заедништво, дела на милосрдие, тие се моќна сила која помага да се направи светот поправеден и подобар, сила која го преобразува светот! Сакам сега да ги прашам момчињата и девојките: имате ли храброст да го прифатите тој предизвик? Се осмелувате ли да бидете таа сила на љубовта и милосрдието која има храброст и желба да го преобрази светот? - рече Папата и заклучи: Драги пријатели, искуството од Светскиот ден на млади нѐ потсетува на вистинска голема вест, Радосна вест, иако таа не се појави во весниците и на телевизија.

РВ/Б.У.








All the contents on this site are copyrighted ©.