2013-09-05 11:15:58

Папата Фрањо повторно повика учество на Денот на молитва и пост


На Генералната аудиенција во среда 4 септември, папата Фрањо упати апел за учество на Денот на молитва и пост кој ќе се одржи на 7 септември. Папата Фрањо повторно повторно повика за мир во Сирија , Блискиот Исток и целиот свет, но исто така - додаде Папата – „за мир во нашите срца, бидејќи мирот почнува од срцето":„Го повторувам апелот до целата Црква овој ден интензивно да се живее. Уште од сега искажувам благодарност кон други браќа христијани, браќата од другите религии и мажите и жените со добра волја, кои ќе се приклучат на места и начин соодветен на нивните услови. Ги повикувам пред сè римјаните и поклониците да земат учество на молитвеното бдение, тука на плоштадот „Свети Петар" од 19.00 часот, за да го измолиме од Бог најголемиот дар - мирот: „Силно нека се издигне по целата земја крикот за мир!" .

Поздравувајќи на арапски јазик, посебен поздрав упати до верниците од Ирак, Јордан и Египет, Папата Фрањо:

„Бидете секогаш со Христос, градете го Неговото Царство со братска љубов, помагање и милосрдни дела. Верата е моќна сила, која е способна да го направи светот праведен и убав! Бидете милосрдна Божја присутност и сведочете во светот, дека искушенијата, болка, тешкотии насилството или злото никогаш нема да го победат Оној кој ја победи смртта: Исус Христос!"

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.