2013-09-04 10:39:03

Папата: Исус нема потреба од војска за да го победи злото – неговата сила е понизноста


Каде што е Исус таму е и понизноста, крткоста и љубовта – рече во вторник 3 септември Папата Фрањо во проповедта на Светата Литургија во Дом Света Марта.

Папата ја нагласи важноста на разликување на Исусовата блага светлост која зборува во нашето срце; и световното светло кое е вештачко и кое нѐ прави горделиви. „Христијанскиот идентитет, е идентитет на светлост, а не на темнина“ – Папата се послужи со зборовите на свети Павле, упатени на првите Исусови ученици: „Но вие браќа не сте во темнина... вие сте сите синови на светлината...“ (1 Сол 4-5). Ова светло светот не го прифаќа – рече Светиот Отец - но Исус дојде да нѐ спаси од гревот; неговото светло нѐ спасува од темнината. Од друга страна - додаде Папата - може да се мисли дека светлото може да донесе многу научни како и човечки работи. Да, се може да се познае; од сѐ може да се направи наука и работите да се расветлат. Но, Исусовото светло е нешто друго. Не, не е тоа светлост на тапост и незнаење, туку светлост на мудрост и разбирање; но е различно од светлото на овој свет. Светлото кое ни го нуди светот, вештачко е; можеби е и посилно како вештачки пламен или како светлото oд блицот на фотоапаратот, но Исусовото светло е нешто повеќе: смирено и благо, светло на мирот, како светлото во божиќната ноќ – рече Светиот Отец и додаде: тоа е светлото кое се нуди и дава мир. Исусовото светло не се стреми кон сензација, туку е светло кое веќе продира во срцето. Меѓутоа вистина е и тоа дека ѓаволот често се маскира во светло на ангел; мило му е да го имитира Исус и да се преправа во добар, говорејќи ни со смирен тон, како што зборувал Исус, после неговиот пост во пустината. Ете зошто треба од Господ да бараме мудрост и умешност за разликување, за да препознаеме кога светлото ни доаѓа од Исуса, а кога станува збор за зол дух маскиран во светло на ангел.

Колку луѓе само веруваат дека живеат во светло, а се во темнина и на тоа не се свесни. Какво светло ни нуди Исус? Исусовото светло можеме да го препознаеме бидејќи е понизно, а не е наметливо. Тоа е благо светло; силно со кроткост. Тоа светло ни зборува во срцето и светло кое ни го нуди Крстот. Ако во својата внатрешност сме кротки луѓе, во срцето го слушаме Исус и без страв гледаме во крстот – тоа е Исусовото светло. Но, ако некое светло не прави горделиви – предупредува Папата – ако те води до тоа на другите да гледаш од високо; да ги презираш; ако те прави горделив- тоа не е Исусово светло. Тоа е светлото на ѓаволот кој се маскира во светло на ангел. Со овие зборови Папата покажа како да се разликува вистинското од лажното светло. Каде што е Исус таму е секогаш понизноста, кроткоста, љубовта и крстот. Никогаш нема да наидеме на Исус кој не би бил понизен и кроток; или кој би бил без љубов или крст. Тогаш треба да одиме по него без страв; да го следиме неговото светло бидејќи е прекрасно и добротворно. Во денешното Евангелие, Исус истерува нечист дух, а народот се преплашил од зборовите кои имаат сила да истеруваат нечисти духови. Исус нема потреба од војска, за да истера нечист дух; нема потреба од горделивост како ни сила за горделивост. Кој е тој збор, власт и сила кои истеруваат нечисти духови; нема потреба за горделивост како ни сила за горделивост. Кој е тој збор, власт и сила кои ги тераат нелистите духовите да заминат? Тоа е еден понизен и кроток збор исполнет со љубов; збор кој нѐ придружува во моментите на криза. Да го замолиме Господ да ни ја даде денес милоста на своето Светло и да нѐ поучи да го разликуваме неговото светло од она вештачкото кое ни го нуди непријателот, за да нѐ заведе - заклучи на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.